Изникнав како Феникс од пепелта: Пејачката Јулија ја отвори душата

0

Пејачката и водителка Јулија Мациев, последниов период отворено зборува за својата голема животна борба, борбата на нејзината ќерка со канце-рот.

Јулија на Фсјсбук објавуваше фотографии од нејзината ќерка во болнички услови како прима терапија и добиваше поддрршка од многу пријатели.

Како што е познато, ќерката на Јулија е ликовен уметник, и токму нејзините коелги, уметниците решија да ѝ помогнат да се избори во тешките мигови.

На Фејсбук, од неодамна е активна групата „Уметниците за Андријана Мациев“ каде бројни еминентни академски сликари и ликовни уметници ги постираат своите избрани уметнички дела кои се достапни во продажба по многу прифатливи цени, за сите кои ја сакаат уметноста и кои, се разбира, сакаат да ѝ дадат поддршка на ликовната уметница Андријана Мациев, во борбата со канц-ерот“, пренесе Слободен печат.

Јулија е пејачка, новинарка, а со години наназад и ТВ водителка, но последниве, таа стана и тренер за личен раст и развој, откако ја загуби својата мајка која ѝ беше голема поддршка.

Таа уште на млади години го изгуби сопругот и животот го посвети на својата ќерка Андријана, а последните две децении и на внуката Стефанија. Стефанија е актерка и Јулија и нејзината ќерка се многу горди на неа.

Јулија неодамна објави слики од внуката на театарска сцена. Таа и ќерката Андријана беа да ѝ дадат поддршка и тогаш Јулија напиша дека тоа е првото излегување на Андријана од дома по шест месеци.

Ова ли е нашето девојче од сцената? На сцена енергична,моќна, вистинска ѕвезда…Инаку за нас, нашето девојче Стеф, нежно, едноставно, без шминка, природна…

Вечерва уживавме со Андријана гледајќи ја нашата звездичка Стефанија. Ова беше и прво излегување на Андријана, после 6 месеци. Беше волшебно чувство со моите две принцези. Фала Му на Бога.

Таа зборува на турски јазик и студира на турски јазик на ФДУ, во класата на професорот Елyеса Касо. Инаку таа го научи турскиот јазик, синхронизирајќи турски серии, уште од малечка, за ТВ СИТЕЛ.

Првин синхронизираше детски ликови, па како растеше добивасе се посериозни ликови на девојки. Така таа го засака турскиот јазик, а можам да кажам дека е полиглота“, објави Јулија за својата внука.

Пејачката минатата година на Фејсбук објави дека ќерката е болна и одлично се носи со тоа и ѝ го честиташе роденденот со овие зборови:

-Овој роденден се разликува од сите досега, затоа што си ставена на големо искушение, а и ние со тебе, сонце наше.

Ни претстои битка за која знам дека ќе ја изодиме, за која знам дека ќе победиме, како и многу пати досега. Ти, нежна, ранлива, никогаш прегласна, никогаш наметлива, во својот свет…

Секогаш со разбирање и трпеливост за сите, секогаш спремна да голтне, никогаш да не повреди, никогаш да каже лош збор…

Ти сонце мое, и сега кога ги трпиш најголемите бо-лки велиш ќе биде добро, ќе помине… Велиш дури сега се соочив со стравот, дури сега го чувствувам Божјото водство, и знам дека ова е за мое големо добро.

Ќе се спријателам со кан-церот и потоа ќе се поздравиме како најдобри пријатели и ќе продолжиме секој по својот пат- напиша Јулија во роденденската порака за својата ќерка во септември минатата година. Денес ѝ е роденден на Јулија.

Ќерката Андријана со емотивни зборови ѝ упати честитка, во која и се заблагодарува што ѝ е мајка и ја нарекува Јулија- нашата супер херојка мајка.

Јулија исто така напиша силни зборови со посвета на својот Фејсбук профил и откри на кого му е благодарна.

– Овој роденден ѝ се поколонувам, и ѝ се заблагодарувам на Јулија. Таа Јулија, што како Феникс од пепелта, ги возобнови своите криља и ,,На криљата од Љубовта”, како што носи наслов нејзиниот хит.

По кој ја препознаваат/ пее и сведочи за малите – големи чуда, за новата страница од својот живот, благодарејќи и славејќи го Бога, кој ѝ вели: ,,Срекен роденден Јулија! Фала Ти и слава, Боже мој“, напиша пејачката.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаСо неподвижен син и со болен маж, живееме во една соба, ми ја укинаа туѓата нега: Виолета од село Ерџелија моли за помош
Следна статијаДебарлиева се подмладува, стана модел