Некои луѓе вложуваат огромни средства градејќи го својот имиџ, планираат ПР стратегии кои можат да бидат успешни или неуспешни. Но ретки се луѓето кои немаат потреба од таков план, бидејќи јавниот збор за нив е најдобриот ПР.
Еден од нив е д-р Жан Митрев, чија приказна започна пред точно 21 година, на 1 март 2000 година со првата бај-пас опе рација во Република Македонија. Тогаш беа поставени темелите на современите медицински услуги.
Токму тогаш почна да се пишува историјата во македонското здравство, новата ера во македонската кардиоваскуларна хирургија.
„Денес е и посебен ден, денес е Прочка, мене ми велат да простам, но еве и јас велам да ми простат сите на кои сум им згрешил, сите оние кои се со мене многу години, нека ми простат што сум ваков каков што сум, рече лани на прославата на 20 годишнината д-р Митрев.
-За нив не е баш лесно, нека ми простат оти барам и ред и дисциплина, и да се знае кој што прави, и да има меѓусебно почитување, да има хиерархија, да се знае кој коси кој вода носи.
Не им е лесно затоа нека ми простат, ама нема да биде поинаку ќе биде така и затоа ќе тераме натаму“, се пошегува акад. д-р Митрев и уште додаде дека е горд што од болница како институција од која луѓето се плашат успеал да создаде нешто сосема поинакво.
„Горд сум што имаме врвни луѓе, врвни доктори, вечерва и врвни гости, а правиме врвни работи. Значи, можно е во Македонија да се направи вакво нешто и јас тоа го покажувам со сè што правам и ако имав разни опоненти. Но факт е дека сè што правам е тука и останува тука и е за сите нас.
Направивме еден систем во кој сите без разлика дали се работи за најголемиот бизнисмен или социјален случај ја добиваат истата услуга, истиот начин на третман, истиот човечки пристап и тоа го сметам за наше најголемо достигнување“, уште рече акад. д-р Митрев.
Околу јавното БЛАГОДАРАМ, кое му се случува речиси секојдневно на д-р Митрев, ќе издвоиме само еден статус од стотиците. Тоа е статусот на нашата позната пејачка и водителка Андријана Алачки, кој дава не само стручна, туку и човечка димензија на д-р Жан Митрев:
„Те САКАМ Докторе Жан Митрев, Саша Митрев ,,од тука до небото и назад“. Колку добрини мене ми направивте, а да не зборувам за целиот свет.
Прв пат го видов во Германија во Mainz, во црковната сала каде пеев за Велигден ,пред 20- тина години. На Велигденската прослава беа половина германци, пријатели на македонскиот клуб во Mainz, кои буквално не го оставаа да здивне, сите му се поклонуваа во тоа време.
Од сцената го забележав токму заради неговата скромност. Се запознавме лично кога дојде со двете деца во рацете позади сцената, да ме замоли да му ја отпееме ,, Земјо Македонска” и верувале или не, не ги испушти децата од рацете цела вечер, дури и играше на орото со нив во двете раце.
Пред прв пат да го запознаам, ја гледав на СНН опе рацијата што тој ја извршуваше на отворено срце и кога слушнав дека е Македонец, посакав раката да му ја бакнам и да го прегрнам.
Господ веднаш ми ја исполни желбата и за Велигден токму заедно во Германија. Очите не ги вадев од него, колку грижливо се однесуваше кон децата и си велев,, Господе голем си, како не му паднаа рацете”. Кога се поздравивме за заминување ми кажа,, за лошо за арно” побарајте ме” и ми се заблагодари за песната.
Но животот ги пишува романите после долго, долго години… додека слетував во Токио, Јапонија, го пуштив телефонот и добив порака од керка ми дека е ,,готова” мојата мајка, враќај се.
Ми се одзедоа и рацете и нозете, веднаш ми падна на ум да му се јавам. Неговиот одговор беше,, веднаш, сега, се што е во мојата моќ, ќе испратам возило да ја донесат и ми го затвори телефонот.
Додека барав билет веднаш да се вратам назад (ми рекоа следниот лет е за 24 часа) докторот ми се јави, ми кажа дека мојата мајка буквално е вратена во живот, терај си ја работата, ние сме тука.
Jас сум само капката во океанот на кого се помогнал. Господ не става на многу пеколни искушенија во животот, можеби токму ние ќе ги чистиме кармите од претците“, напиша во една прилика Адријана алачки.