Добрила Чабриќ која има 94 години раскажа како што и се случило кај Лесковац, на враќање од Белград

0

Најстарата учесничка во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“, Македонката Добрила Ивановска Чабриќ зад себе има тешко минато. Таа беше вистинско изненадување за гледачите ширум регионот, бидејќи плени со својот ведар дух и позитивизам.

Фото: Јутјуб принтскрин

Како отворена и племенита душа, таа воопшто не го крие своето минато и со задоволство открива некои свои анегдоти од животот. Секако, животот не ја „галел“, па има доживувано и убави, но и непријатни нешта. Па така, таа раскажува дека за време на вој на-та, нејзината мајка морала да ја продаде куќата и заедно да си заминат од Македонија.

Фото: Јутјуб принтскрин

Уште првото појавување на музичката сцена на „Гранд“, таа ги освои присутните и беше наречна “чудо од баба“. Секогаш со нетрпени се чекаше нејзиниот настап за да го наполни студиото со позитивна енергија. Гледачите на прашањата од медиумите одговараа дека токму оваа „бабичка“ е нивниот фаворит.

Фото: Јутјуб принтскрин

На снимањата на „Гранд“ од Дојран до Белград пристигнуваше со нејзиниот автомобил, а неколкупати има изјавено дека среде ноќе оди и во казино за да ги масира жените. Кој би рекол дека на Балканот постои една ваква жена, полна со енергија и позитивизам!

Фото: Јутјуб принтскрин

Со нејзината ведрина и волја за живот таа стана фаворит во шоуто, а многумина ја обожаваат и и‘ „завидуваат“ на нејзината енергија. Особено можат да и‘ позавидат помладите, кои не можат да се изначудат од каде точно таа ја црпи својата енергичност…

Фото: Јутјуб принтскрин

Добрила Чабриќ ги освои симпатиите на публиката со учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“ и со нејзината шармантна насмевка. Секогаш е насмеана и некако таа пријатност заразно ја пренесува на сите присутни, па и тие почнуваат да се насмевнуваат..

Фото: Јутјуб принтскрин

Едноставно, не можете а да не ја забележите оваа мила жена. Добрила сега има 94 години и беше гостинка во емисијата „Магаин“ на Сител по повод Осми март. Таа откри дека сè уште вози автомобил и раскажа една многу непријатна случка кога едвај останала жива.

Фото: Јутјуб принтскрин

Добрила живее во Дојран и раскажа зошто ѝ е таму поубаво. „Воздухот е почист, секаде можам да стасам, никаде не се брзам“, рече Чабриќ. Таа има 94 години и изгледа одично и витално.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Самото Дојранско езеро е чудно, има многу јод. Кога ќе дојде лето едвај чекам да му се пружам, оти тоа ме држи како морска вода, ќе си легнам и ме носи. И ќе пливам и ќе се одморам, и ќе медитирам, прекрасна вода“, рече Добрила.

Фото: Јутјуб принтскрин

– Најголема поддршка ми даде Општина Дојран и многу му се заблагодарувам на градоначаникот Ангов, затоа што тој многу направи и за Дојран и за мене. Еве, сега треба да ја печатам книгата, тие ми дадоа финансиска помош.

Фото: Јутјуб принтскрин

Потоа, имав проблем со очите, имав една непријатна ситуација.., не су -дар, ама момент да не удрам еден возач на пат од Белград за Скопје.

Фото: Јутјуб принтскрин

Кога дојде оној момент кога морав до 8 часот навечер да бидам во Скопје зошто се затвораа границите, а јас во 4 часот бев во центарот на Белград, а моите ми јавуваат: „Бе -гај од Србија зашто се затвора границата.“

Фото: Јутјуб принтскрин

Јас набивам 130-140, и кај Лесковац, една кола беше пред мене, а беше веќе пред стемнување, и нагло застана, и јас за да не го у-драм, нагло на лево, бам во банкина, одзади ми ја удри колата тој, па на десно, па на лево, и отидов во трева.

Фото: Јутјуб принтскрин

Застанав, и почнав да се тре -сам. Значи, толква рефлекс и таа брзина, да не го удрам човекот. Кога гледам иде:

„Абе, сестро, дали си заспала ти?“ Абе, како заспала, ти застана. Абе, на мене ми се дупна гумата- вика тој.

Фото: Јутјуб принтскрин

Мене ми заиграа живците. Под ст -рес сум. Сакаш ли нешто, ништо не сакам, бегај да не те гледам. И, си тргнав полека, и оттогаш јас повеќе од 80-90 не возам.

Фото: Јутјуб принтскрин

Фото: Јутјуб принтскрин

Фото: Јутјуб принтскрин
Претходна статијаАна Бекута објави стара фотка на која со носталгија ќе се присетат постарите генерации
Следна статијаПретрпе многу, па се омажи за милионер: На ова „буцка“ ѝ се восихитуваше цела Југа