Боби од Ранковце има осум деца, а живеат во куќа која се распаѓа: Се случува некој пат да немаме ни за леб

0

Тажната приказна на Боби Младеновски, татко на осум деца од Ранковце ја раскажа емисијата „Срце на дланка“. Екипата на емисијата отиде во неговиот дом, ги сослуша неговите маки и се обиде да му помогне.

Боби има 38 години и во родната куќа на своите прадедовци живеел со браќата и со сестрите, и откако завршил основно училиште, заминал во потрага по подобар живот во Скопје.

-Им помагав на постарите тука, кравите им ги водев, ќе поработев по нешто, и нешто ситно ми даваа, дека ние дома бевме четири деца“, раскажа Боби за времето кога почнал да заработува за леб.

Тој тогаш имал околу 10-11 години. Боби е настар од браќата и кога заминал во Скопје продолжил да работи, му помагал на чичко му во градежните работи.

Тој до 22 години живеел во Скопје под кирија, додека не се запознал со жена му.
Во Скопје, животот за Боби бил многу скап.

Откако ја запознал својата сродна душа, девојката од село Љубанци, решил со неа да основа семејство. Сопрругата сега има 36 години.

-Во Скопје не можевме да опстанеме, струја, вода, кирија, превоз… Земав 700 денари дневница како работник. Се роди првото дете, потоа второто дете, едвај крај со крај се сврзуваше, не можевме да останеме.

Во Ранковце се вративме во 2009 година, со две деца“, вели Боби кој се вратил во Скопје да работи, а семејството му останало во Ранковце поради помалите трошоци.

-Потоа се раѓаа и другите деца, и во Скопје ни остануваше за мене, а камо ли да пратам дома“, рече Боби. Последнава деценија, тој не бира работа, оди и работи каде ќе го викнат, само за да донесе леб за семејството.

Боби работи понекогаш и за 200 денари, само за да донесе леб дома. „Имаме примања само 8.300 за трето дете, други примања немаме никакви“, вели Боби. Од осумте деца, четири се ученици.

Две одат физички во училиште две онлајн. Часовите ги следат од мобилниот телефон на татко им, кога има интернет, кога нема- не следат настава.

-Се случило по некој пат да нема ни за леб, да дојдеш во шкрипец да немаш за ништо. Кога немам, тешко ми е, земам од некој позајмица, колку да може да се врати, 500, 200 за да може да опстанеш.

Кога одат во школо, ако имам, им давам пари да си купат нешто, 10, 20 денари, колку имам им давам.“, вели Боби.

Нивната куќа е отсечена од селото, а на Брата помош и треба и по неколку часа да стаса од Крива Паланка.

Затоа сопругата на Боби, децата ги родила сама во нивниот дом, а едно дете има родено во комбе, на патот накај Крива Паланка.

-Најтешко ми е кога ќе ги погледнам децата, бараат, а немам да им дадам. Тие немаат ни услови за спиење“, вели таткото за своите деца.

За десетчлено семејство, за да се прехранат нив им требаат 5-6 леба дневно. „Леб не купуваме, сопругата сама меси, така ни е поисплатливо“, вели Боби.

Тој и семејството живеат без телевизор, малите примања не им дозволиле да купат, иако децата бараат. Телевизија одат да гледаат кај родителите на Боби. Тој вели дека он нив не добива голема помош, затоа што и тие немаат многу.

Најмалото дете има два ипол месеци, и мајчиното млеко не му е доволно, па го дохрануваат со кравјо млеко, кое го молзат од кравите на татко му.

Потоа, за своите осум внуци зборуваше мајката на Боби Светлана. Вели дека децата многу се радуваат кога им е роденден, и таа им дава по 200 денари за подарок.

-Или им купувам влечки, тие се радуваат, деца се, мали се. Најпрво, на нив куќа им треба“, рече бабата.

И нејзиниот син Боби, има само една желба, да најде соодветно живеалиште за своите осум деца. Затоа што секој ден, живее во страв да не се распадне старата куќа, која е голема само 16 квадрати.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаГоце Тодоровски се појави во јавноста, прозборе поради што ќерка му и син му се единствени во Македонија
Следна статијаИлина Арсова раскажа како ѝ помогнала Лејла Рамковска