Гоце Тодоровски се појави во јавноста, прозборе поради што ќерка му и син му се единствени во Македонија

0

Во едно ТВ интервју, Гоце Тодоровски реќе дека за него може да се сними цела турска серија, а водителката се согласи дека со овој легендарен актер, една емисија е малку.

Водителката Катерина Стојановска- Десковска тогаш го поздрави Гоце од негов голем обожавател, љубител на Македонските народни приказни кој живее во Америка, Горан Марковски, кој поздравот го има пратено преку Фејсбук.

– Случајно го знам дечкото, тој е голем вљубеник во Македонските народни приказни, тој дури и предлагаше и сценарија за приказните, чудно колку е загреан, но има и други такви.

Цела Македонија и цела дијаспора живее со Македонските приказни, а ова е баш исклучителен пример, малиов колку е заљубен во овој проект.

По моја проценка, снимени се накде околу 400 епизоди, можеби и повеќе“, рече Гоце за познатиот серијал со кој многу генерации израснаа, а во него глумеа и легендите Ѓорѓи Колозов и Ванчо Патрушевски, Лазар Бараков, Шенка Колозова и многу други.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а во една прилика сподели празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка.

Но, едно нешто Гоце никогаш не може да прежали, а тоа е неговиот другар и колега Ванчо Петрушевски, кој по чина на 25 авуст во 2018 година од струен удар во неговата викендичка во скопското село Орешани.

Гоце во една прилика, во емисијата „Еден на еден“ со Жаре зборуваше за својот другар и за сето она што Ванчо го направил за него.

-Ванчо е виновникот затоа што јас станав актер. Тој студираше прва година во Софија, ио бевме на одмор во Бугарија, во Бургас, и тој имаше некоја книга од бугарски автор, и на враќање цариникот го праша: Што ти е ова?

Тој одговори: Литература. За што? Затоа што јас студирам во Софија, глума. А така ли, рече цариникот. Ни ги зема нашите три пасоши, четворица бевме, рите ги врати, а неговиот не го врати.

И после четири години му го вратија пасошот, а тој мораше да запише втора година глума во Бугарија. А јас веќе бев втора година на Градежен факултет, и требаше да бидам инжинер, по волја на татко ми зашто беше воено лице и не смеевме да го одбиеме.

Инаку, веднаш пук -аше. Ама, бидејќи бевме другари од 1962 година, заедно запишавме петто одделение, и уште од тие детски денови ние правевме скечеви разни.

На родителски состаноци имавме храброст толку да настапиме со скечеви пред родителите.

И така да, заедно бевме 54 години. Јас на комеморацијата баш дека повеќе бев со него отколу со самиот себе.

Заедно спиевме, повеќе спиев со него отколку што спиев со жена ми. Додуша, во различни кревети. Прво кога ќе ми го спомнат Вано, ми текнува на солзи.

И е, и уште ќе остане во нашите сеќавања, јас мислам бар едно петстони години“, изјави Гоце.

Во емисијата „Улица Македонија“, Гоце зборуваше за своето семејство. „Јас сум прв меѓу глумците кој својот син го нарече Гоце, а потоа уште неколку души го направија истото.

Само се сеќавам кога го запишував во матично, тоа беше во старото школо во Дебар маало во мисерна некоја градба, приземна, и една жена пред пензија.

И баш кога го запишував ме прашува: Презимето како? Тодоровски. Таткото? Гоце. Бебето како ќе се вика? Викам- Гоце.

И таа стои со пенкалото, и вели: Презиме, како рече? Тодоровски. Татково име? Гоце. Син, бебето? Гоце. Е како така? Ѝ викам: зошто да не. Пишува во уставот дека не смее така?

Не, ама во мојата кариера ова ми е за првпат вака. А ќерка ми Сашенка, руско име е тоа, доаѓа од коренот Александра.

Имаше една претстава и прочитав Сашенка. Русите имаат таков стил на даваање прекари: Машенка, Дашенка, Сашенка, и мене ми се бендиса тоа Сашенка.

Така да, таа е единствената во Македонија што се вика така, Сашенка. Мислам дека е единствената“, рече Гоце и додаде дека му е драго што децата не тргнале во неговите стапки.

„Мислам дека ќе ја немаа мојата снага, затоа што јас не успеав баш лесно. Имаше таму некои постари глумци кои не ни даваа многу да збориме.

Или ако те види дека малку повеќе се покажуваш на сцена ќе ти речеше: Мали, ај не се занесувај многу! Не смееш над него да бидеш“, објасни актерот за своите почетоци.

Гоце одамна се нема појавено во јавноста, а неговиот глас го слушаме во туртките серии кои ги надзинхронизира.

Една негова помлада колешка, Ели Клинчаревска- Младеновска објави фотографија со Гоце и со тоа објави дека актерот одлично изгледа и се уште е активен.

– И повторно на ист филмски сет со доајенот на македонското глумиште Гоце Тодоровски“, објави актерката која исто така има глумено во новите изданија на Македонските народни приказни.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаМислам дека со кумашинката сме создадени еден за друг – не заслужува тоа што и го прави другаров
Следна статијаБоби од Ранковце има осум деца, а живеат во куќа која се распаѓа: Се случува некој пат да немаме ни за леб