Снеже Велков со сукало во рака, порача што треба да се прави

0

Снеже Велков е една од оние јавни личности кои убавите моменти од својот живот ги споделува на социјалните мрежи, но се обидува и да ги мотивира другите.

Снеже која е и водителка и пилатес инструкторка, неодамна сподели видео како вежба со сукало и ги повика сите жени да вежбаат со неа. Вежбите кои таа ги прави траат десет минути.

– 10 минути и едно сукало. Ајде да сучиме домаќинки! Без брашно, без квасец-само со сукалото! Не кори, ами тело т’нко ќе сучиме.

Модерни времиња се дојдени па со сукало сега и целулит се растерува. Ама онаа вонвременска: Море ќе игра сукалото останува!

Епа ајде да го заиграме 10 минути. Секоја вежба ви е 30 секунди,звучните сигнали најавуваат нова вежба.

Јас гарантирам оти така извежбаното сукало после во кујна да го пуштите само ќе сука. Три,четири-СУКАЈ!“, напиша Снеже.

Вчера, таа наполни 39 години и роденденот го прослави во Охрид. Таа повторно сподели слика како вежба и роденденот го поврза со вежбањето.

– Весела Математика: Ако денес полнам 39 години а ми посакавте да живеам 101 година,тогаш уште колку тренинзи имам до крајот на животот?“, напиша таа.

Новата приказна на Снеже е за нејзините соништа кои се остваруваат.

– Кога соништа се остваруваат! Си беше еднаш една Снежана родена како “зимско дете” на 5 март,кое од секогаш сонуваше роденден да слави на плажа…

Ама таму од каде доаѓаше беше најстрого “забрането” славење роденден на отворено во зима! Оти ладно е,оти кај се видело на студ да се собира народ? Оти ќе се настане.

А постоеше и верувањето дека ако се седи на ладна земја или бетон не дај Боже најстрашна болештина се фаќало, да не збориме дека ако без мајца се излегувало лошо ти се пишувало.

И така Снеже 38 години се’ на затворено роденден си славела а сонувала за плажа..

И дојде 2021. Снеже порасна, да не речеме влезе во позрели години т.е наполни 39..

И беше едно чудно време кога дискотеки не работеа, концерти немаше, во кафана беше забрането собирање, пеење па ич, а гушкање и бацување скроз не дозволиво..

И види, види, се отвори можност за славење на едно место долго посакувано… Плажа! И од тогаш Снеже си живееше среќно и весело со заклучокот:

Ако доволно силно сакате Соништата се исполнуваат макар и на 39 години“, напиша таа од Охрид.

Многу пријатели ѝ честитаа роденден и ѝ посакаа на Снеже најубави желби под објавата.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаГеоргиевски денес доби прашање и одговори како ќе се изјасни на пописот – како Македонец или Бугарин
Следна статијаФолкерката Сани откри колку е задоволна од својот маж