Фолкерката Сани откри колку е задоволна од својот маж

0

Сања или попозната како Сани Гроздановска е една од нашите најпопуларни и најзгодни пејачки на фолк сцената.

Сани секоја година ја гледаме како настапува во емисијата „Мерак меана“.

Емитувањето на оваа емисија која ја собира целата фолк естрада од Македонија е реприза, но сепак народот ужива додека ја гледа.

Сани во 2017 година се омжаи за својата љубов Мартин, со кого беше во врска неколку години.

Ова е втор брак на Сани која има ќерка Викторија, која има 11 години.

Во номеври во 2018 година, Сани ја роди својата втора ќерка која се вика Ева.

Убавата вест на социјалните мрежи веднаш ја сподели пресреќниот тато Мартин кој напиша дека се чувствува среќно со својата сопруга која му роди ќеркичка.

Во едно интервју за „Бекстејџ“, Сани откри дека имала многу непријатни ситуации во нејзината кариера.

„Охо, имав 100 000 непријатни ситуации. Меѓутоа, знам како да се справам во вакви ситуации. Не сум од вчера во овој бизнис.

Веќе 10 години, така да знам како треба со таквите луѓе“ вели пејачката.

Сани тогаш откри дека добивала и понуди колку пари бара за една вечер. Исто така, фолкерката откри дека нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но дека планира да ја корегира устата.

Сани ги демантираше сите шушкања за наводната афера со Аца Лукас.

„Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше“ вели Гроздановска и додава:

„Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ рече пејачката за Бекстејџ.

Сани е една од оние пејачки кои се лутат на угостителите кои предожија свадбите да се организираат без музика во живо.

Таа и понатаму се дружи со своите колеги, а неодамна објави слика како го користи убавото време и отиде во еден скопски ресторан со својата колешка Даниела Темелковска.

Сани неодамна го истетовира својот грб со тетоважа која има симболично значење. Станува збор за ружи околу кои има виолински клуч од петолиние со ноти, а меѓунив изпишани зборовите:

„Љубов“, „Среќа“, „Независност“, а симболично претставени беа музиката и двата цвета кои се нејзините две ќерки.

Сани на својот Фејсбук профил напиша интересен статус кој се однесува на љубовта, кој го бендисаа нејзините следбеници. Сани, со ова веројатно мисли на својот маж, Мартин.

– Жена која е задоволна со својот маж, никогаш не погледнува друг“, порача Сани на Фејсбук.

Фото: Инстаграм и Фејсбук принсткрин

Претходна статијаСнеже Велков со сукало во рака, порача што треба да се прави
Следна статијаОва е советот кој сакам да ти го кажам ќерко моја пред да се омажиш: „Нема да ти биде подобро“