Водителката Милена ги збуни пријателите – многумина помислија дека пак ќе се мажи (ФОТО)

0

Водителката Милена Антовска- Станковска од Канал 5 е омилена кај глеачите и поради својата спонтаност пред Тв камерите.

Милена е една од нашите најпознати и најшармантни ТВ водителки. Важи за жена која е пред сè убава, но уште поважно, таа е естрадно лице кое позади себе не влече никакви афери, ниту професионални, ниту лични.

Ретки се личностите од естрадата кои може да се пофалат со едно вакво поведение. Единствено врвни професионалци во својата работа, можат да кажат дека за нив не се пишувало во негативна конотација.

Милена Антовска пред летири години стави потпис во матично и заплива во брачните води со Гордан Станковски. Парот потоа ја доби ќерката Лана Марија која отогаш е центарот на нивното внимание.

По породувањето, Антовска се повлече од ТВ екраните на одредено време, па повторно се врати со нови проекти. Пред две години, Милена даде интервју за „Бекстејџ“ и одговараше на интересни прашања.

На прашањето дали имала желба да се омажи со тогашното момче, денешниот сопруг, Милена вели: „Па, искрено ќе ви кажам, не, не сум имала некои такви желби. Сум имала некои други претензии и амбиции“ вели Антовска.

Милена имаше необични искуств а со гледачи која иако ја сакаат, направиле да се чувствуав непријатно.

– ма интересни ликови кои најчесто кажуваат или пишуваат позитивни коментари, но има и такви што се опседнуваат.

Имаше еден гледач кој постојано ми праќаше писма, со песни и исечоци од весници, не ги ни читав искрено. Но, работата отиде до таму што почна да ме малтретира по телефон.

И на работа, и кај нас дома, и дома кај моите. Многу беше упорен, праќаше и некои пакети. Морав да пријавам во полиција, во две полициски станици, и во Карпош и во Ѓорче Петров.

Тоа заврши откако интервенираше полицијата, ете до таму отиде работата. За среќа заврши позитивно, се надевам дека нема да имам веќе непријатни случки.

Сопругот во принцип е лабав и опуштен по тие прашања (за среќа). Ако побарам од него да интервенира во некоја ситуација тогаш ќе се вмеша, во спротивно не. Знае што работам и свесен е дека ќе има секакви ситуации“, изјави Милена во Женски магазин.

Водителката деновиве на Фејсбук покажа дека одлично ѝ стои венчален фустан. Таа сподели слики како невеста, а нејзините пријатели на Фејсбук коментираа дека одлично исгледа и дел од нив помислија дека Милена пак ќе се мажи.

Но, не е се така како што изгледа. Она што го сподели Милена е спомен, и тоа од Саем за венчавки, каде што таа била во улога на модел, но како и да е, водителката изгледа одлично како невеста.

Фото: Фејсбук профил на Милена Антовска- Станковска

Претходна статијаИли ќе се скине сајлата и ќе летнам надоле сосе кола, или ќе се извлечам: Биба Додева доживеала вистинска драма на снегот
Следна статијаСветлана Црнокрак откри зошто сега изгледа поубаво отколку во младоста