Или ќе се скине сајлата и ќе летнам надоле сосе кола, или ќе се извлечам: Биба Додева доживеала вистинска драма на снегот

0

Пејачката Биба Додева завчера имала голем проблем со својот автомобил, откако се заглавила во снегот пред својата зграда, и не можела да излезе од колата. Биба едвај се спасила, а целата случка, таа ја раскажа на нејзиниот Фејсбук профил:

– Пред зграда кај мене има една специфична удолница и угорница, по која забележав дека веќе поминувале коли и си реков, ај ќе ја свртам колата од тука за да ја паркирам покрај зграда..

Малку е незгодно да се вози и на суво тоа место, арно ама вечерва, улицата се смрзнала и за малку не се испочукав со колата.

Кочници не фаќаат, шлајфуваат тркалата и ќе се испревртев и плеснев во ѕидовите кога почна да се лизга наназад… Пробав неколку пати но безуспешно…

Освен некои од комшиите што ѕиркаа на прозор и балкон и не им текна да понудат помош.. Поминаа два пара кои подастанаа и се обидоа да помогнат, ама се откажаа бидејќи ситуацијата беше навистина ризична.

И толку… Немав појма што да правам, кого да викам за ваква работа.. А не смеев ни да излезам од колата бидејќи се лизгаше..

Во еден момент поминаа уште еден пар, двајца млади луге. Момче и девојка. Спремни да слават вечерва љубов во кафичот до мене.. Девојката стрпливо чекаше додека момчето пробувавше да ми помогме, да ја турне колата за да ја помрднеме додека шлајфуваше..

– Мора некој да ве извлече со сајла… Тешка е колата и нема шанси да ја помрднеме… Најдобро, јавете се кај некој ако има сајла, а јас само да се сместам на масата бидејќи ни е резервирана, пак ќе дојдам да ви помогнам“, рече момчето.

Му се заблагодарив што се обиде да ми помогне и свртев кај еден пријател кој веднаш тргна накај мене. Во меѓувреме, на мое изненадување, момчето пак дојде и почнавме да бараме сајла, па ставаше патосници на тркалата и најдовме сајла.

Се сетив дека кога ја регистрирав ми дадоа некоја торбица за поклон во која имаше две сајли и некои ситници кои не ги разбирам баш..

Нејсе, јас не смеев да искочам од колата бидејќи колата стоеше мирна само доколку е дигната рачната и истовремено држам и на кочница.. Инаку колата се лизгаше и во секој момент бев спремна да се излизга надолу и да удри во ѕидот. Уф. Пробав неколку пати, безуспешно.

Го слушав момчето ама едноставно местото беше заледено и залудни беа сите напори да се помрдне колата која со секој обид нагоре, се повеќе лизгаше странично накај ѕидот…

Набргу дојде и мојот пријател со кола, кому му ги дадовме сајлите кои не бевме сигурни дали ќе држат и дали ќе ја извлечат мојата 100 тона кола… (не е баш 100.. ама си помислив некои кучиња личат на газдите, а кај мене колава тешка ко газдарицата, ништо не ја поместува.. како Гибралтар е).

Откако ги наместија со момцето, другар ми се симна до кај мене до кола и рече:

– Полека, без да даваш многу гас следи ме кога ќе се оптегне сајлата.. Ќе биде, ок? Климмав со главата.. ОК

..И малку ме фати ц’цка дали после 20тиот обид навистина ќе биде? Диши Биљано, диши. Ако не биде, пак ќе пробаш. И тргнавме, полека.. Полека отпуштив гас, тргна малку колата, почна да се качува, но одеднаш пак почна да лизга лево десно и да шлајфува..

Овој пат бев решена и фокусирана и малата паника што ја почувствував не дозволив да ме обземе, па продолжив да ги следам инструкциите.. Секунди се во прашање, или ќе се скине сајлата и ќе летнам надоле сосе кола, или ќе се извлечам…

За моја среќа, лево, десно, лизни се назад, ама некако успеавме да ја извлечеме! Жива среќна дека сум надвор од опасност, излетав од кола и почнав да се заблагодарувам на момчето и другар ми.

Обично не раскажувам мои случки, но сакам јавно да се заблагодарам на момчето кое дел од својот Валентајн посвети да помогне на некоја жена (појма немасе кому помага). Тоа ми покажува дека младите сѐ уште ги негуваат човечките највредни особини.

Од друга страна пријателите ми се малку ама среќна сум дека ми се вистински! Фала ти Комшо најмногу, немаш појма колку ми значи дека имам кому да се јавам и за вакви глупости!

Луѓе мои, има луѓе, има.. и има љубов. Љубовта не е само према симпатијата или љубената. Почитта, спремноста да помогнеш на некој во неволја е љубов и уметност. Уметност на жвивеењето. А другарството нема цена… Фала ви дечки, you make my Valentine’s lovable!

П.С. Делкото само што тргна накај кафичот кога пак го повикав, за да му го поклонам моето најново ЦД.

– Знам дека немаше појма кому помагаш душо, му реков..
Го зема ЦДто, ме погледна изненадено и одеднаш ми ја даде најубавата насмевка со гушкање!“, напиша Биба Додева.

Фото: Фејсбук профил на Биба Додева, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаТурунџиева со внукот во раце: Тој е единствениот маж кој ми го зароби срцето
Следна статијаВодителката Милена ги збуни пријателите – многумина помислија дека пак ќе се мажи (ФОТО)