Цеце, водителката од Телма роди син, му дадоа интересно име

0

Елена, Цеце, Марко и Гоце се познати како „Утринците“, најпозитивната ТВ екипа која до лани ја водеше „Утринска на Телма“. Луѓето ги сакаат токму поради нивната позитивна енергија која ја пренесуваа и на гледачите.

Утринците лани летото, на Фејсбук објавија дека програмата веќе нема да се емитува, со емотивен статус. „Со најтажно срце поради вас, нас, нашата љубов и конекција која ја создадовме единствено со душа и целосно уживање, мораме да соопштиме.

Најдраги наши пријатели, другари, почитувачи на нашата работа и на сето тоа што го правевме во изминатите 3 години сакаме да ве известиме дека ‘Утринска на Телма’ од септември нема да оди во етерот. Причините се познати на менаџментот и управата на Телма телевизија..

Како и да е, сакаме да ви заблагодариме за целата поддршка и љубов што постојано ја добивавме од вас. За сите заеднички кафиња наутро, за целата прекрасна енергија која взаемно си ја праќавме, за насмевките и убавините поминати во 4-часовното шоу во живо.

Ние ќе наздравиме за сите вас, ќе ви посакаме да сте и понатаму така прекрасни и среќни, а со нас се гледате во некоја друга форма без разлика дали телевизиска или поинаква.

Со почит и многу љубов вашите утринци: Елена, Гоце, Марко и Цеце“. Вака лани симпатичната четворка напиша на Фејсбук..

По реакциите, водителите останаа на „Телма“, но ги поделија во по две сосема сосема нови емисии: Елена Митева и Гоце Андреевски ја водеа „Црвена линија“, а Цеце Трајковска и Марко Марк „90 минути“.

Марко остана сам да го води „Забавен магазин“, затоа што Цеце Трајковска Тодосовска се повлече од разбирливи причини, таа очекуваше бебе.

„Кога дознав дека сум бремена, не бевме изненадени бидејќи тоа е нешто што и двајцата со Столе го посакувавме и очекувавме.

Бевме пресреќни, си го пуштивме нашиот омилен бенд Beach House и се изнагушкавме од среќа“, изјави Цеце за Женски магазин.

Верувам дека сè ќе си дојде на свое место откако ќе се роди бебето.

Знам дека и двајцата ќе го дадеме нашиот максимум да бидеме посветени родители“, додаде водителката.

Денеска, Цеце и нејзиниот сопруг се најсреќни, на свет дојде нивниот прв син.

Со стори на Инстаграм, за убавата вест се пофали сопругот, а водителката го шерна сторито и така и пријателите, а и јавноста дознаа дека им се родил син.

Според сторито што го објави нивна роднина, бебето се вика Бодан. Нека е живо и здраво!

Фото: Фејсбук на „Утринска на телма“, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСаша Поповиќ сакаше да ми го смени името – било досадно: Познатата Гранд пејачка проговори за почетоците
Следна статијаСара, ќерката на Борис Трајковски раскажа што наследила од татко ѝ