Светлана Црнокрак откри зошто сега изгледа поубаво отколку во младоста

0

Еден од најскладните парови во домашната јавност се Светлана и Мики Црнокарк. Тие се и брачни партнери но и деловни партнери, сопственици на модното студио „Црнокрак“.

Мики и Светлана имаат големи причини за среќа. Тоа се нивните ќерки, бракот и љубовта кои ги негуваат долги години, успехот во модниот свет. Минатата година, прославија 23 години од бракот.

„Се запознавме каде на друго место ако не на модна ревија и тоа во Битола, една ипол година пред нашата свадба, која се случи точно на 11 октомври во 1997 година.

Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак. Кога се запознавме, се случи љубов на прв поглед, па потоа дојде и и втор и трет.

На почетокот на љубовта ништо не ни пречеше еден кај друг, а и сега потолку годинa брак се навикнавме и се прилагодивме на се, па дури и на тоа што можеби ни пречело“, изјавија Црнокрак.

Круната на нивната љубов се ќерките Моника и Нина. Моника има 24 години и неодамна дипломираше, но се занимава и со манекенство по стапките на мајка ѝ. Ќерките им се 13 години разлика.

Светлана е една од најубавите жени кај нас и сите велат дека за неа времето како да стои. За Независен весник, та прозборе за своите естетски зафати.

-Како лице од модната сцена и презентер на вести, многу ми е битен изгледот и шминката. Речиси сама се шминкам, и секогаш ја зголемував со молив и кармин горната усна.

Сега не морам да го правам тоа, и многу сум задоволна од зафатот кој го правев во позната естетска ординација во Скопје.“, рече Светлана.

Станува збор за минимален естетски зафат со хијалуронска киселина. -Бидејќи сум физички активна (вежбам, возам велосипед, трчам, пливам, скијам…), решив да ја испробам и оваа диета, која е протеинска и најсоодветна и ми одговара“, рече Светлана за својот изглед.

Таа на Фејсбук објави слика од емисијата „Живот со стил“ со Елена Стефановска и веднаш доби лавина од коментари дека изгледа прекрасно. Многу нејзини пријатели се согласија со тоа дека таа сега изгледа дури поубаво отколку во младоста.

Фото: Фејсбук профил на Светлана Црнокрак, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаВодителката Милена ги збуни пријателите – многумина помислија дека пак ќе се мажи (ФОТО)
Следна статијаЕлена во провокативен црвен фустан на најголемиот студ, фан од Русија ја замоли: Дај ни малку повеќе…