Лидија Кочовска: Душата ми гори, ама се трудам да се смеам

0

Познатата пејачка Лидија Кочовска беше гостинка во емисијата „Магазин“ на Сител кај убавата водителка Јана Серафимова и разговараа за многу интересни нешта.

Лидија како да одржа лекција на сите нас како треба да се однесуваме во овие услови на пандемија.

Кочовска, која работи во хорот на Националната опера и балет се изненади кога водителката ѝ прочита коментар од пријателка кој вели: Лидија цел живот живее во пандемија, сега е своја на своето.

– Мене пандемијата не ме промени ништо. Јас цел живот си носам средтсво за дезинфекција, обавезно сум со влажни марамици.

Сите кои ме познаваат знаат дека дома имам многу козметика. Ако немам дома 4-5 пара влажни марамици, јас не функционирам.

Тоа е исто како кај страстен пушач кој останал без цигари, а треба до сабајлето да издржи без цигари и треба првата да ја запали со кафе.

Таква сум од дете. Не сум хипохондрик, ама ете, знам да гњавам за нешто што е можеби бесмислено за некој друг“, рече Кочовска.

Потоа, таа ја коментираше денешната музичка сцена кај нас и прашањето зошто сега немаме евергрини како порано.

„Не би сакала да кажам дека нема квалитетни автори. Меѓутоа, за мене квалитетни автори се сите оние кои ги направиле сите тие евергрини.

Да не набројувам. Но, навистина фалат композиции кои луѓето ќе ги паметат, луѓето ќе ги пеат.

Пример ќе дадам една своја композиција, да не звучам сега погрешно. 1995 е снимена „Што те нема“. Ја пее 20 годишно дете. Што значи тоа?

Тоа дете не било родено кога се родила „Што те нема“. Значи ја пеат луѓе, ја бараат, опстанува. Клучна е целата драма во таа композиција, и да ја доловиш.

Многумина ми замеруваат што ја пеам на поинаков начин, но нормално е, гласот со текот на годините созрева. Колку поминале од тогаш, 26 години.

Нормално, не може да звучи исто. Лидија тогаш беше 20 годишна, сега сум 45 годишна. И таа композиција е навистина драма. Се очекува да с’ржиш и моменти да ги шепотиш…“, рече Кочовска.

Потоа се спомна песната „Ти си тој“ со која Лидија има настапувано на многу свадби. Младенците го бираат овој евергрин како почетна песна за својот најважен ден од животот.

Пред пандемијата ја ангажираа токму Лидија да дојде и да им ја испее. Кочовска рече дека оваа песна никогаш не ѝ здосадила и секогаш има енергија да ја испее.

Потоа, Лидија зборуваше и за своите родители, легендарните Невена и Панче Кочовски од составот „Мањифико“.

„Весламе, во целата ситуација гледаме нив да ги сочуваме. Со оглед на целата ситуација дома, се бориме и се трудиме да останеме во добро расположение, затоа што е тоа многу битно, се рефлектира“, рече Лидија. Познато е дека нејзината мајка Невена боледува од Алцхајмерова болест.

„Не е лесно, но е возможно. Не дека секој ден може убаво да ти започне. Јас сум многу разочарана од нашето окружување, од сите луѓе. Очекував дека целата оваа ситуација ќе направи многу подбри луѓе од нас. Оваа ситуација направи многу полоши луѓе од нас, што мене мнгогу ме разочарува“, додаде Лидија.

Потоа Лидија раскажа една секојдневна приказна што ѝ се случила. „Пред некој ден ќе ме уте паа. Се чека долга колона, од 4 саат е, гужва. 24/7 е гужва. Човекот чека да се приклучи на едно уличе, и нормално, никој нема осет да го пушти. Јас малце подзастанав.

Па, мислам ќе ме ут епаа од позади, зошто малце сум успорила да го пуштам човекот“, рече Лидија за нетрпеливоста во сообраќајот.

– Една жена ми се развика кога во продавница мерев јаболка, а таа си ги заборавила производите на вагата пред мене. Не ни приметив. Зошто? За секого има време на овој свет. Биди позитивен, ако сакаш и другиот да биде.

И мене не ми е добро, и мене ми гори во душата, и мене ми кр ва-ри душата. Многу. Меѓутоа, се трудам да се смеам.

За својата сестра Тања, Лидија рече дека се слични во изгледот, во гестикулациите, но и дека се многу различни по карактер. „Многу луѓе знаат да не измешаат, да мислат дека Лидија е Тања, а Тања е Лидија.

И ми велат: Еј, како си, како се децата? А јас им велам: Добро е, што ќе објаснувам дека не сум Тања“, рече Лидија.

Лидија спомена и дека не готви многу, затоа што живее сама и повеќе ѝ се исплати да јаде надвор. „Живеам сама и или јадам надвор или сум некаде. Лежев десет дена на инфективно. Зготив нешто дома, и добив салмонела. Но, нешто се случи од производите. Не е до домаќинката“, рече Лидија низ смеење.

Фото: Јутјуб принсткрин, Инстаграм профил на Лидија Кочовска

Претходна статијаТрифун Костовски раскажа за неговиот другар Вања
Следна статијаСтојне раскажа за загубата на татко ѝ и како ѝ било кога пеела со само 15 години: Многу сум срамежлива