Што прави поранешната сопруга на Груевски: Изгледа одлично и стана јутјуберка

0

Во пошироката јавност е познато дека поранешниот премиер Никола Груевски е во брак со Боркица Груевска, со моминско презиме Манчевска. Додека беше во Македонија, Боркица го следеше Груевски на сите поважнио настани. Тие имаат две ќерки.

Боркица Ддпломирала на Правниот факултет. Во 2015 година медиумите јавија дека магистрирала на Филозофскиот факултет. Во времето кога се ожени со тогаш почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ работела како советничка во Секторот за меѓународна соработка во Комисијата за хартии од вредност.

Никола и Боркица се венчаа на на 10 мај 2007 година. Во јули во 2018 година, Груевски го бранеше докторатот на Економскиот факултет во Скопје.

Тогаш, подршка со своето приуство му дадоа двете ќерки и неговата мајка Нада, а на овој настан не беше присутна Боркица, и тогаш почна да се зборува дека Груевски и таа не се во добри односи.

Сепак, најголемата поддршка на Грувески е неговата мајка Нада, која секогаш беше до него на сите важни настани.

Надежда Груевска е по потекло Штип, и е сестра на првиот министер за внатрешни работи на независна Македонија, Јордан Мијалков, таткото на Сашо Мијалков. Ова е наведено и во биографијата на Груевски. Родителите на Груевски се развеле уште кога бил мал, па мајка му Нада одиграла важна улога во годините додека растел.

Во јавноста се помалку познати детали за првата сопруга на Груевски. Пред да се ожени со Боркица, тој беше во брак со докторката Сузана Арбутина. Груевски беше во брак со Арбутина додека беше министер за финансии.

Медиумите ја опишуваа Арбутина како скромна, хумана и ненаметлива. Таа е успешна докторка на Клиниката за пулмологија во Скопје, каде што работи како субспецијалист пулмолог алерголог. Во 2014 година, и Арбутина беше меѓу 110-те професори и асистенти, потписници на јавното протестно писмо до тогашниот премиер.

Арбутина е омилена меѓу колегите и пациентите, и многу религиозна. Блиските пријатели за неа велат дека е многу весела, дружељубива и позитивна личност.

Во слободно време, таа од може да се види на јавни настани, најчесто на модни ревии во кои многу ужива. Таа ги следи и концертите на познати пејачи од домашната естрада, а со дел од пејачите е и приватно блиска.

Арбутина на телевизија се појавува кога треба да искоментира некои стручни случуувања и ситуации, и зборува само за теми од областа на нејзината работа. Таа е блиска пријателка со сопругата на по којниот пејач Војо Стојаноски, Евица Камберова- Стојаноска.

Д-р Арбутина има и свој јутјуб канал и таму ги споделува песните кои ги испеа Војо стојаноски, а дел од нив се посветени и на сопругата Евица.

На јутјуб каналот на Сузана има и видеа од македонски манастири, како и инструментална музика за релаксирање. Со отварањето на својот Јутјуб канал, Арбутина го следи трендот на младите јутјубери.

Последната профилна слика од Арбутина покажува дека таа изгледа одлично, и е убава и негувана жена, исто како и во младоста.

На сликата, Арбутина е со својот миленик. На 7 февруари, Арбутина го прослави својот роденден, и доби многу честитки од пријателите.

Фото: Фејсбук профили на Сузана Арбутина, Евица Камберова- Стоаноска, официјална Фејсбук страница на Никола Груевски, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаСпенџарска не дозволи бродот да ѝ потоне
Следна статијаОстави ја Цеца и биди со мене: Обожавателка јавно му нуди брак на Богдан