Спенџарска не дозволи бродот да ѝ потоне

0

Водителката Јелена Спенџарска во последно време споделѕва свои лични приказни на Инстаграм кои се интересни за нејзините следбеници.

На почетокот од 2021 година, таа се огласи на Инстаграм и откри неколку интересни работи:

– Ооооо Боже каква година…!!! Ми требаше малку време да се средам и да се обидам да ја сумирам во неколку реченици, па затоа нема да должам многу и ќе се обидам да скратам.

2020 беше далеку поразлична од сите претходни. Не очекувавме ваква година ама ете… преживеавме и без разлика дали го сакаме ние тоа или не, тешко дека ќе ја заборавиме.

Не би сакала да бидам скромна во овој пост и искрено сакам да кажам дека и покрај сите искушенија, 2020 за мене беше волшебна!!!

Поубава не можеше!! Во само една година ми се исполнија најголемите три желби кои си ги посакував од мноооооогу одамна, а добив дури и многу повеќе! Еве само дел:

-Добив виза за Америка, ги спакував куферите и заминав во градот на ангелите, LA !

Поминав две незаборавни недели во Калифорнија, земја која промени од корен некои мои ставови за животот и создаде во мене желба повторно да се вратам таму и да биде за мнооогу подолго (if you know what i mean)

-Го посетив Париз, беше втор на мојата dream destinations листа, имав феноменална екипа со мене, јадев и пиев во магични рандом мали локали на среде улица и искрено, морам да се вратам тука повторно, да изнајмам станче на последниот спрат од тие нивните преубави градби и да си поживеам барем месец дена.

-Нооо, си купив станче!!! Во Скопје. Yeeee!!! Нова граба, топ локација каква што си замислував од мала.

Поголем дел од парите кои ги заработив преку инста си ги вложив тука и здравје Боже при крајот на годината ќе се вселам. Премногу сум возбудена луѓе, горам од желба да си создадам свое катче.

-За време на карантин си запознав човек кој ме направи уште посреќна и со кој имаме опасно добри планови за во иднина. Прочитав мноооогу книги кои ми го дадоа клучот за успешно живеење и ме направија горда на себе и своите избори.

-Почнав да медитирам скоро секоја вечер (life changing!). Почнав да пишувам дневник и не ми се верува (сериозно) колку покреативен човек ме направи оваа навика.

-Сестра ми не израдува во веста дека ќе бидам тетка на уште едно девојче. Работата на инстаграм порасна за 10000% и ми донесе предобри договори со кои ќе ве изненадам за многу брзо“, откри Спенџарска.

Јелена напиша мотовирачки статус кој се вклипува во ова време на панемија: Понекогаш… лош ден е само обичен ЛОШ ДЕН… И тоа е сосема нормална работа, зошто лош ден НЕ значи дека ТИ си лош човек! Лош ден НЕ значи дека си неуспешна!

Лош ден НЕ значи дека се откажуваш… дека си на дното! Лош ден НЕ значи дека нема да се средат нештата! Лош ден НЕ значи дека мораш се од почеток! Лош ден е САМО ЛОШ ДЕН!!!

Лош период може да значи дека веќе си уморна. Премногу се даваш. Значи дека си доживеала стресови со кои не си можела добро да се справиш. Лош период може да има врска и со времето. Со годините. Со отсуство на љубов спрема самата себе. Со црни мисли во твојата глава.

Ама тоа си поминува. Како невреме! Можеби после тоа ќе треба малку да поправаш, да лепиш, да купуваш ново…. АМА СЕ ВРАЌАШ НАЗАД ВО ИГРА!!!!“, објави Спенџарска.

И уште еден нејзин пост како да открива некоја лична приказна: Бродовите не тонат затоа што има вода околу нив, туку затоа што влегува вода ВО нив. Затоа не дозволувај она што се случува околу тебе – да влезе ВО тебе …. и да потонеш !

Најново, Спенџарска самоуверено пишува дека верува во себе: Птицата стои на дрвото без страв дека ќе се скрши гранката, НЕ затоа што знае дека гранката е цврста, туку дека верува во своите крилја.

Фото: Инстаграм принсткрин

Претходна статијаЕлена во провокативен црвен фустан на најголемиот студ, фан од Русија ја замоли: Дај ни малку повеќе…
Следна статијаШто прави поранешната сопруга на Груевски: Изгледа одлично и стана јутјуберка