Оваа не е утеха за стареењето: Роденденска порака на водителката Јована од „Сител“

0

Убавата водителка Јована Стојменовиќ е омилена кај гледачите кај сите генрации, особено кај оние што ја следат во Утринската програмана Сител, „Ја сакам Македонија“.

Таа многу ретко зборува за љубовниот живот, а фотографии од својот дечко речиси и да не споделува, освен една.

„Мојот однос со партнерот за мене толку значаен што се плашам да дозволам да биде тема која луѓето ќе ја коментираат на кафе. Се плашам да ги пуштам луѓето внатре каде што треба да бидеме само јас и тој.

Имам долга врска, вљубена сум, а врската ми е толку долга што поради тоа официјално не сме ја означиле како брак.

Знаете кога ќе минат години и години, заедно живеете и делите се, вие сте во брак, иако не сте се венчале. Можеби и ќе се венчаме, но и ако не го сториме тоа, ние сме маж и жена“, изјави Јована пред извесно време за Женски магазин.

Јована вели дека иако на многу од нејзините колеги не им е непријатно да зборуваат за својот љубовен живот, на неа ѝ е непријатно и затоа сака да го сочува далеку од очите на јавноста.

На прашањето, која е нејзината најголема екстраваганција, Јована во интервју за vipheart.mk одговори: Се надевам дека еден ден тоа ќе биде симпатична модерна јахта, да одам во уште подлабоко, засега – љубовта.“ На прашањето, во кои прилика лажете, таа рече:

– Срам ми е да лажам, стојам зад своите постапки, но кога сакам да заштитам некого… дојди да ти шепнам – сокривам информации“, рече Јована и на тема каење и љубов додаде:

Се каам кога некому ќе дадам втора шанса иако знам дека ќе ја прокоцка, а кога нешто знаеш, обично така бива. Мојот живот за моја голема среќа е исполнет со многу љубов, а и се уште трае…

– Во овие 12 години работа на утринската програма, за среќа, многу ретко ми задоцниле или воопшто не се појавиле гостите во договорениот термин. Во таквите ситуации, како и за се друго во животот, ве спасува планот Б. Искуството си го прави своето за да имате план Б и да бидете подготвени и брзо да реагирате.

Притисокот е голем, пред се поради одговорноста кон респектираниот медиум – ТВ Сител и големиот број гледачи, но, засега, успешно се справуваме со секоја непредвидена ситуација.

Се случувало да се запали пластичен чајник на рингла и да се зачади целото студио на две минути пред почеток на студискиот дел во живо или на некого од гостите да му се слоши од трема и тоа само момент пред настап…

Но, шоуто секогаш мора да продолжи и никој да не забележи ништо пред екраните“, изјави Јована за својата работа во интервју за Гламур.мк.

Денеска, оваа убавица слави роденден, па на социјалнире мрежи ги почести своите фанови со две преубави фотографии, и со по некој мудар и интересен збор.

Децата растат, а луѓето стареат? Не! Човек никогаш не треба да престане да расте. Ова не е утеха за стареењето. Ова е предизвик. Да бидеме подбри и поголеми луѓе со секоја наредна година од животот. Денес ми е роденден. Благодарам за убавите честитки“, напиша Јована..

Фото: Фејсбук на Јован Стојменовиќ, Инстаграм принсткрин, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаПеро Антиќ проговори дали е во врска со познатата манекенка
Следна статијаСе разочарав, па ми дојдоа солзи од радост: Емотивен гест ја трогна познатата новинарка и писателка