Познатиот музичар и професор по виолина Зоран Џорлев на први јануари годинава ја изгуби животната битка. Џорлев се упокои откако му се откачил тромб, а беше заболен и од корона вирусот.
Тој последните денови од животот ги помина на Инфективната клиника во Скопје. Неговите најблиски се надевале на подобро, но Џорлев за жал не успеал да се опорави.
Веста за неговото замимување прв ја објави неговиот внук, од сестрата на Џорлев, пејачот Огнен Здравковски. Огнен летово се избори со вирусот, како и неговата мајка, Софче Џорлева.
Познатите линости тој ден се простија од Џорлев. „Не се договоривме вака да ја почнеме годината. Македонија денес изгуби голем музичар, професор, пред се прекрасен сопруг и татко. Нека ти е вечна слава легендо, свири им на ангелите“, напиша Владимир Блажев- Панчо.
„Ах Зоки. Колку тажен почеток на годинава. Колку голема загуба за сите нас, а најмногу за семејството. По чивај во мир голем човеку… твојата музика, добрина и великодушност вечно ќе живеат… Слава ти!“, беа зборовите на Сузана Турунџиева.
Боже мили, не можам да верувам, не можам солзиве да ги застанам душава ми плаче. Зоки ни замина, не можам да прифатам. Како да кажам по чивај во мир на еден од најдобритре луѓе што ги познавава во животот, како а речам лесна му земја, офф.
Господи, вечна му слава и покој на душата, сето царство небесно за неговата огромна душа. Маестро Зоки Џорлев, по -чивај во мир, мое најдлабоко сочувство на семејството“, напиша Анета Наковска.
Андреј од ДНК ја сподели песната „Сулејман седи на кула“, и напиша: „Една од моите омилени ремек дела од народна песна, отсвирена од Маестро Зора Џорлев. Почивај во мир… “
И Влатко Лозаноски сподели снимка од негов настап со Џорлев и напиша: „Почивај во мир Зоран Џорлев. Не напушти прерано !!! Секогаш насмеан, позитивен и голем борец за македонската музика. Сочуство до неговото семејство. Вечна му слава“.
Но, најемотивната порака ја напиша токму Огнен, неговот внук.
Македонија денес изгуби многу голем и значаен човек, човек со огромно срце и огромна и чиста душа… Мојот најголем идол, мојот животен ментор, мојот втор татко, мојот МАЕСТРО, моето се…. Зошто…? Зошто волку рано, не се договоривме вака…?
Не знам што, а и не можам ништо друго да напишам во овој момент, само ќе ќажам дека од денес мојот живот никогаш нема да биде ист…ЌЕ ТЕ САКАМ ЗАСЕКОГАШ, ИМАЈ ЦАРСТВО НЕБЕСНО.
Од својот татко, се збогува и постариот син на Џорлев, Наско.
– Вчерашниот ден, беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство. На вчерашниот ден сфатив дека животот е толлу суров и до крај ќе остане исполнет со тага, на местото каде што ми се откина дел од душата. Моето семејство и светов изгуби еден од најдобрите луѓе кои постоеле и ќе постојат.
Полн со живот, позитива и безрезервна љубов за сите во неговиот живот. Имаше многу планови за што понатаму, никогаш не се откажуваше, неговиот оган гореше силно до крај. Во плановите не имаше вклучено мене и брат ми секогаш, таман дури почнавме и да свириме заедно поредовно.
За секој имаше време да посвети внимание, секогаш сакаше да помогне, без разлика колку и да беше близок, се додека му треба помош. За секој имаше љубов и разбирање, и се правеше од срце и на чесен начин на кој повеќето луѓе не можат ни да замислат.
Другар, искрен и добар, народен човек, мојот херој. Мојот татко, мојот прв пријател, моето се. Се што имам е од татко ми, се што сакам и правам денес е поради татко ми, се ми имаш пружено.
Се што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ. Фала ти тато за се, тато е најдобар тато, душичке наша! За него, славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден!
Оваа слика е последната наша заедничка, кога ја редевме елката. Му ја испративме заедно со еден дедо мраз како поклонче за нова година. Последниот здив го има испуштено држејки ја.
Зоран Џорлев – сопруг, татко, брат, другариште, човечиште, маестро… Те сакаме, немаш појма колку ќе ни фалиш, засекогаш и повеќе! Твоите Наско, Мартин и Офелија“ напиша тој.
Внукот Огнен, сите свои настапи оттгаш му ги посветува на својпт вујко, и често на социјалните мрежи пишува колку му недостасува. со неговата денешна објава, тој својот вујко го зачува од заборавот, тетовирајќи го неговиот лик на неговата рака.
На едно овековечување кај дечкото со златните раце Симон Капчев !!! Фала ти најмногу за прекрасниот портрет! Вујче мој, додека сум жив и ти ќе живееш секогаш со мене… До следно видување!!! “, напиша Огнен.