Ленче Кукиќ: Кога ни даваат бакшиш им викаме, Господ да ве благослови

0

Пејачката Ленче Кукиќ изјави дека ѝ е многу мило што во Белград на улица ја препознаваат од шоуто „Никад није касно“, каде што учествуваше со својот сопруг, Горан Кукиќ, кој е и победник на ова музичко натпреварување.

На граница не познаа: О, еве ги Македонците од „Никад није касно“, и во Белград на улица исто така“, изјави Ленче во емисијата „Магазин“ на Сител, и рече дека нејзиот сопруг ѝ бил инспирација и таа да се пријави..

– Горан беше на нивна покана учесник, а јас немав години за да учествувам во Никад није касно. И некако така емотивно се откажав. Си реков: Еве. За мене тоа беше крај. Но, после три години се случи нешто друго.

Не знам, јас се викам дека тоа е се некоја божја работа. И да сакаш да го планираш тоа, не можеш“, раскажа пејачката.

И секогаш си велев. Дали е тоа вистинскиот момент? Но, навистина бил вистинскиот момент. Сепак, јас налетав на коментари дека не сум требала да одам, но тоа во мојата глава е промоција за било каде. За мене тоа беше како лото.

Потоа, Ленче и за нејзината победа во шоуто, во 2019 година, и за тоа кога со нејзините изведби го расплакувала жирито.

– Јас таа 2019 година доживеав голема радост и голема тага. Тоа гледачите преку екраните не можеа да го дознаат, бидејќи јас таа 2019 година ја изгбив мајка ми.

И некако, не бев свесна дали тоа на мене ми се случува, и некако го издржав тој период на радост и на тага.

Дури и сега кога ме прашуваат, како го издржа тој период, јас не знам што да кажам.

Стоев таму и гледав на екранот дека јас ќе победам, веќе последните бројки, ама не знам, бидејќи баш таа недела ми беше многу тешка“, рече Ленче и продолжи да зборува за паузата околу вирусот.

Мене лично вирусот ми дојде како некоја пауза, да се одморам, да се средам, да видам кај сум. Ако се работеше, јас мислам дека немаше да издржам.

Ама, сега веќе се наоѓам во ситуација кога го пребродив тоа и се наоѓам во ситуација каде што почнува да ми работи волјата за работа“, рече Кукиќ.

Таа потоа раскажа дека таа и Горан Алачки, почитуваќи ги сите протоколи за заштита изминатиов перидо снимиле еден убав албум на стари македонски песни, што за неа е голема радост.

Зборуваше и за бакшишот и за тоа дека заработката на секој човек е релативна работа, во зависност од тоа кој колку троши и кој колкави трошоци има.

– Јас секаде каде што настапувам, јас никаде и никогаш не сум отишла да им кажам на луѓето да ми дадат бакшиш. Тоа е невозможно.

Ние ги благословуваме луѓето кога ќе ни дадат бакшиш, им велиме: да ви даде Господ уште повеќе, дека ни тие ни дале нам. Ако тие се задоволни, и ние сме задоволни и благодарни“, рече Кукиќ за бакшишот..

Фото: Фејсбук принстскрин

Претходна статијаДац: Ако вирусот мутира со македонец, маф ни е работата
Следна статијаНе знаеле како се прават деца иако биле во брак, акушерка ги научила