Соња Тарчуловска е успешна пејачка од областа на фолк музиката, но позната е и како сопруга на Јохан Тарчуловски и мајка на три деца: Мелани, Младен и Јоана. За своите почетоци, Соња зборуваше во едно интервју за „Точка“.
– За моите почетоци има многу да се каже: позитивни спомени, полни сали, дискотеки, кафеани – тоа ме исполнуваше. Лесно е да се биде пејачка, ако знаеш вистински да се носиш со таа професија токму како што наликува без наметнувања, знаеме дека се’ што е спонтано е подобро.
Дали добро се заработува? Јас лично да, добро заработувам иако не сум доволно активна, си ги ценам сопствените вредности во нормала на стандардот. Публиката е таа што проценува, зошто ја слуша или почитува пејачката. Лично мене многу ми значи текстот и музиката, и ако со нив ги освојувам јас сум почестена.
Таа зборуваше и за својот сопруг Јохан и за децата: На подобро се променија работите, Јохан е добар татко, децата ни се прекрасни, а јас сум среќна поради тоа. Кога би можела да избирам за децата?
Јас сум човек и мајка која сака своите деца сами да си го изберат патот и професијата што сакаат да бидат, а јас само би им дала максимална поддршка“ рече Соња.
– Верувам во мислата дека жената е убава и исполнета кога е сакана и почитувана. Женственоста или ја имаш или ја немаш, јас не ја искажувам но сепак таа ме издава. Никаков притисок неможе да придонесе како сакам и каде сакам да се облечам, но треба да се има мерило и знаење каде како треба. Идол немам, сите жени се прекрасни“, додаде пејачката.
Синот Младен има 13 години, а најмалата ќерка Јоана, изминатото лето наполни пет години. Со емотивната објава на Фејсбук, Соња ѝ го честиташе роденденот на Јоана: „Ти си нашата паметница! Вистинска бајка си мамино.
Мелани, најстарата ќерка е талентирана за музика на својата мајка. Мелани е ученик во средното музичко училиште Илија Николовски – Луј. Таа уште сега го пронајде својот пат во животот и ја одбра музиката како идна професија.
Нејзиниот успех, освоеното второ место на меѓународниот фестивал во Малта вели дека е само почеток на она што допрва ќе следува.
Амбициозна е, млада и преталентирана, а за тоа одличен доказ беа и резултатите од фестивалот. Таа за Хаштаг, ги откри своите сегашни и идни планови поврзани со музиката, но откри и кој бил виновникот за овој нејзин избор во животот.
– Можеби сме два различни света, но таа е личност која секогаш стоеше позади мене, стои и ќе стои се додека смета дека сум на вистинскиот пат.
Мојата фамилија ми е најголема поддршка и среќна сум што се покрај мене. Ме предизвикуваат да стремам кон моите цели“, откри Мелани за свота мајка.
Мелани денес полни 16 години, а гордата мајка соња објави нејзина фотографија на Фејсбук, која се гледа колку се всушност слични мајката и ќерката. Соња доби многу честитки за својата првородена ќерка.
Фото: Ферјсбук на Соња Тарчуловска и Јохан Тарчуловски