Маријана во Австралија се фотна и ги изненади сите – сестра и Росана рече: Сакам и јас (ФОТО)

0

Повеќе од 30 години, во Австралија живее Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска. Таа неодамна објави фотографија од плажа и рече дека нема влезено во океанот 30 години.

Маријана е медицинска сестра на Стоматологија, и ужива во својата работа. Таа откако е во Австралија не е музички активна, но направи исклучок за својата сакана сестра Росана.

Кога Росана, во 2019 година на фестивалот „Макфест“ реши да ѝ се врати на музиката, Маријана ги испеа придружните вокали. Исто така, Маријана во песната која се вика „Спомени“ и има симболичен наслов, е дел од спотот.

Токму на Велигден минатата година, Маријана стана баба. Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.

Маријана има и ќерка која се вика Магдалена и во една прилика емотивно ѝ го честиташе роденденот.

– Моја драга Меги, мое сонце, мое се, среќен роденден. Ти си прекрасен благослов, специјална среќа, моја љубов и моја гордост. Кога и да почувствуваш дека животот е нефер само запамети дека мама и твојата фамилија секогаш ќе се грижат за тебе.

Покрај другото, фала што ја направи мама помлада на овие фотографии“, напиша Маријана за својата ќерка.

Маријана пред крајот на минатата година, зборуваше за своето секојдневие во Женски магазин.

– Причината за тоа е што не можам да ги прославам опкружена со моите најмили, кои живеат во Македонија. А и искушенијата во животот, со кои верувам сите на овој свет на кој било кој начин се соочуваме.

Пoсветена сум на моите деца, кои не се обврзани дa бидат со својата мајка за дочекот на Нова година или за прославата на Божик.

Ја имаат таа слобода сами да решаваат каде и со кого да бидат во одредени денови во годината – открива Маријана и дополнува.

Нова година и Божик ќе ги дочекам таму каде што сум најпотребна. А тоа е на работното место, во болница со моите пациенти од стоматолошкото одделение, во улога на медицинска сестра. Чувството да помогнам некому кога му е најпотребно, комплетно ме исполнува.

– Сега почнавме да се запознаваме со внуката. Поради пандемијата со корона вирусот, за жал не бевме во можност да се дружиме.

Ева е весело бебе, многу се смее и сака да јаде. Таа и две годишното внуче Ноах на сестра ми Росана , се нашата најголема радост. Двете уживаме во улогата на баби“, изјави Маријана.

Неодамна, таа објави лут статус поради катантинот кој повторно се воведе во Мелбурн.

-Заклучување во Мелбурн повторно пет дена …Сонував дека во 2022 година нè нападна некој стомачен вирус, седиме во пелени и се сеќаваме дека ни беше подобро со маските“, напиша Маријана.

Потоа, неколку нејзини пријатели ја поддржаа во коментарите. „100% во право си. Какви игри…? Кој се разболе нека го затворат и лечат не се да мобилизираат како бом ба да паднало.

Прозирни им се игриве, сите ги увидовме но се уште сме послушна војска. Оде е језиво. Пред најавата стигнавме во Розбад каде и така е тишина, ама утрово е језиво, само чрчорење на птици се слушаат од огромна оддалеченост АПСОЛУТНО никаков шум, извини шумот на лисјата од дрвата се слуша.

Потоп, нема бучава од чамци, колона коли. Невероватно сабота а во Колс само 1 купувач и вработените“, вели пријателка на Маријана. Но, таа е главо позната по својата позитивна енергија и по тоа што на Фејсбук објавува среќни слики во кои ја истакнува својата природна убавина.

Овој пат, Маријана објави слика со шминка, која ги изненади нејзините пријатели. Таа на својот пријател му се заблагодарил што ја нашминка така убаво.

Благодарам Сашко Сале Захариевски за мајсторијата на мојот изглед. забава во друштво на пријател со добро срце и позитивни чувства е бесценета“, напиша Маријана.

Пријателите се воодушевија од новиот нејзин изглед и коментираа со воодушевување и дека изгледа 20 години помлада.

Една од тие што коментитраше беше и Росана: Сестро моја, најубава си ми на светот, ајде кажи му и мене да ме направи така убава“, рече Росана.

Фото: Фејсбук на Маријана Новачевска

Претходна статијаНаташа: Правев сè за да го спасам бракот, но тој не сакаше да се промени – на крај тргнав со друг
Следна статијаМелани на Соња и на Јохан Тарчуловски денес полни 16 години, убава на мајка ѝ (ФОТО)