Сара, ќерката на Борис Трајковски раскажа што наследила од татко ѝ

0

Токму на 26 февруари во 2004 година, македонскиот претседател Борис Трајковски кој беше омиелн кај народот, засекогаш си замина од овој свет. Оттогаш, поминаа речиси 19 години.




Трајковски го заг уби животот во авионска неср еќа во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Целата јавност беше во неверување по оваа случка, а многумина и сега се сеќаваат на неговиот позитивен дух.




– Мојата визија е да создадеме општество засновано на демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија и конечно да создадеме општество засновано на доверба“, зборувал Трајковски во неговото последно интервју..




Претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе за Трајковски во Алејата на великаните во „Бутел“ во Скопје, објави brif.mk.

Истовремено, од кабинетот на шефот на државата известуваме дека Владата ја прифатила иницијативата на претседателот Пендаровски за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија и воведување на две нови одликувања во Република Северна Македонија: Орден „Киро Глигоров“ и Орден „Борис Трајковски“..




И струмичани ја одбележаа годишнината од заминувањето на својот сограѓанин и Претседател Борис Трајковски.

Тие се поклонија пред споменикот Македонија подигнат од општина Струмица во негова чест каде градоначалникот Коста Јаневски потенцираше дека Борис Трајковски бил пример за државник за својот народ.




Трајковски зад себе ја остави сопругата Вилма и децата Сара и Стефан кои сега ретко се појавуваат во јавноста.

Сара беше тинејџерки, а Стефан дете во 2004 година. Сара денеска живее во Њујорк, и студираше на Универизетот на Greenwich.




Таа на Фејсбук објавува фотографии од дружењата со пријателите, како и од патувањата низ Америка и летните одмори.

Сара присуствува и на многу спотски натпревари, и по фотографиите се гледа дека е убава, среќна и успешна девојка.




Една фотографија е посебно емотивна од нејзиниот Фејсбук профил, и таа е црно-бела.

Сара е фотографирана до слика од татко ѝ, и на неа со еден збор раскажува што е она што го населила од него.




„Го наследив од татко ми. Интегритетот и сè“, напиша Сара до сликата.

Фото: Јутјуб принсткрин, Фејсбук на Сара Трајковска

Претходна статијаЦеце, водителката од Телма роди син, му дадоа интересно име
Следна статијаЌерката на Џеј проговори што се случува откако го нема татко и