Пејачката Елена Миленковска прво ја започна кариерата со поп музика во Македонја, но се прослави и во Србија откако влезе во фамилијата на „Гранд“ продукција.
Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ, македонско – српската „Гранд“ двојка, уживаат во улогата на родители, во која за првпат неодамна се остварија, откако им се роди нивното синче, Максим.
Со секоја нова објава на социјалните мрежи станува јасно дека сега светот се врти околу малиот наследник, кој е главна преокупација на двајцата млади пејачи, особено на Елена, која речиси целото време му го посветува на својот син.
Елена во една прилика за Женски магазин ја раскажа љубовната приказна со Гуте:
– Се запознавме преку една наша заедничка пријателка. Таа договори заедничка проба на која работевме и се подготвувавме за музичкото шоу во кое учествувавме и двајцата. Се случи искра на прв поглед. Се дружевме шест месеци, а потоа стапивме во врска.
Едноставно знаев дека тој е тој, од моментот кога прв пат го запознав, иако многу луѓе не верувааг во љубов на прв поглед.
Јас верувам и во тоа а исто така верувам и во сродни души и знам дека јас ја пронајдов мојата“, раскажa Елена и вели дека ги сака сите особини на својот сопруг, а најмногу е вљубена во неговата добрина.
Неодамна, на својот Гуте, на романтичен начин таа му го честиташе роденденот на Инстаграм. Елена објави среќни фотографии со сопругот и со синчето, во моментот кога Гуте ги дувна 29-те свеќички.
„Еј ти. Tи благодарам што си најдобриот животен партнер, најдобриот татко, најдобриот пријател. Нема да зборуваме за желби тука, ти најдобро знаеш што ти посакувам. Среќен роденден. Те сакам бескрајно“, напиша Елена.
Денеска е посебен ден за Елена и за Гуте, нивната годишнина. Елена на Инстаграм објави слика од свадбата и напиша:
Мојата поддршка, мојот пријател, мојот мир, мојата љубов. Секој ден со тебе е привилегија. Нека ни е среќна македонската годишнина.
Ние сме едни од оние кои имаат две годишнини. Какви среќни сме за се, па и за тоа“, рече пејачката.
„Е, така, нека ви се множат уште безброј, па догодина и ќеркичка“, напиша една од пријателките на Елена и на Гуте.