Фросина: Не се „палам“ јас на коли, пури и Чивас

0

Фросина Ѓорѓиовска од Скопје, која е особено активна и актуелна на социјалните мрежи, често знае да постави статус и да раскаже вистински настан од скопскиот ноќен живот, на кој е сведок, бидејќи нејзината професија келнер и овозможува одблизу да ги гледа згодите и незгодите, како и карактерите на познатите скопски фаци.

Скопје веќе не е тоа што беше, знаат да кажат староседелците, бидејќи сега градот е милионски и веќе се измешани културите и традициите на скопјани и оние дојденците од внатрешноста..

Фросина во својот последен статус повторно проговори за скопските локали и каде таа преферира да го троши своето време и своите пари:

„Не сум била никогаш у Мош, ни у Трибека, ни у Интермецо. Кичерајот на Дион го избегавам ко 10 ден бакшиш на забаталена маса во некое бифе во кое не би влегле ни ликовите на Достоевски.

Немам сјајни месо боја хулахопки, немам сатенски миничи и штикли на платформа за да ги исполнам “високите” стандарди на “скопската елита” од Благодарево.

Не аплицирам како кандидатка за влез во колекцијата на некој залижан “фраер” кој ќе ми дува у фаца со пурата и ќе пие 25 годишно виски, не дека знае што е тоа, туку слушнал дека е скапо и сака да ги покаже парите, со што по автоматизам станува поатрактивен кај овие со миничиве.

Таквите ги доживувам ко чир на желудник. Нее, не сум јас у тој филм. Јадам у Наџак или кај Диме у ДМ, у старки и дукс.

Ненашминкана. Кафето го пијам у Синдикат, а виното у Круг, седната на некоја маса у ќош затоа што не сум дојдена да ме видат, туку да се видам со луѓето со кои сум на маса.

Не седам у Круг дотерана за да си фатам дечко и смислата на моето излегување е да си поминам убаво со луѓето со кои сум.

Знам со Бела моја додека ја шетам, да навратам у Мецо кај поранешните колеги, од сабајле и нерасонета. Штета за мене што LongPlay на Petar е у Аеродром, а јас неам кола.

Далеку сум јас од кичерајот кој вие го викате шема, фенси, модерно или како и да е. Далеку сум јас од вашите фасади на елитизам, додека суштината ви е паланечка. Не се “палам” на БМВ, ни на пури, ни на Чивас.

Се “палам” на точаци, на чист воздух и планина. Се “палам” на убава храна во некое ресторанче негде низ нашиве села.

Се палам на качамакот на баба Борка и сирењето на дедо Павле у Галичник. Единствените жители во тоа село. Се надевам дека се уште се живи и здрави. Одело и шпиц ципела не погледнувам. Фармерка и дукс друже. Толку е.

Не можете да ми ја наметнете вашата лажна елеганција како нормалност, кога карактерот ви е кич. Кога почнавте едноставноста на живеењето да ја сметате за демоде?“

Фото: Pexels и фејсбук профил на Фросина Фро

Претходна статијаСите ѝ се „пуштаа“ на Силви, што студенти, што професори: Влатко Плевнеш раскажа како ја освоил сопругата
Следна статијаКакви среќници сме, ајде догодина и ќеркичка: Пејачите од „Гранд“ слават годишнина