Порано, во време на младоста на нашите баби и дедивци, па и нашите родители, можеле на прсти да се избројат брачните парови кои ја прекинувале брачната заедница од различни причини.
Во денешно време тоа е поинаку и разводите се најнормална работа. Покрај економските, најчести причини се изневерувањата, за што сведочи и исповедта подолу.
-Мојот сопруг замина во прегратките на млада и атрактивна девојка. Каков ментален склоп имаат мажите? Не ми е јасно. И никогаш нема да ми биде. Како можеше толку многу да ме повреди? Како ли направи да се чувствувам толку ниско?
Бевме три години во врска. Во брак уште четири години. Му родив две прекрасни дечиња. Од куќата направив дом. Спокоен дом. Сакав и тој како мене да имаше капацитет и тоа да го разбереше и ценеше..
Додека јас едно дете хранев, друго заспивав. Додека пеглав негови кошули, додека готвев како за војска, додека се трудев желбите на сите да се исполнети, додека уживав во семејните обврски тој правел нешто во кое само тој уживал.
Работам и на работа и дома. И не ми е тешко. Не ми е мака. Од љубов кон него, кон чедата со леснотија сè тоа го правев. Тој безмилосно ме повреди.
Додека јас ги гледав приоритетите на нашиот дом, тој ги гледал само своите. Тој после се ме разочара. Тој успеа да се заљуби во друга жена.
Со месеци ме лажел. Додека јас и децата мислевме дека е на службен пат, тој спиеше во прегратката на друга жена. Нова жена. Не сум од оние кои ќе ја бараат вината во другата жена. Дознав дека таа нема ниту деца ниту сопруг.
Таа никој свој освен себе не повредува. Овој мојов е безобразниот во целава приказна. Ми правел приказни на мене, и правел приказни на неа. Но, што можам?!
Кој можеше да претпостави дека ова ќе ме снајде. Од него вакво нешто ни на сон не очекував. Од кога помина првиот ш -ок сакам само едно да знам. Да знам што му се врти во главата. На што мислеше додека ме повредуваше?
Размислувам што ќе им каже на децата кога ќе пораснат и ќе дојде време да ја слушнат вистината. “Додека мама вас ве растеше и старееше тато со друга жена се подмладуваше.
Затоа мораше да се разведеме. Затоа растевте преку недела со мама, а секој втор викенд со тато.” Ова ли се должни децата да го слушнат?
Ме боли, душата ме боли. Толку ли сум наивна се прашувам… Како после сè што ми направи јас сè уште за него се грижам.
Се грижам, не сакам моите деца да го мразат родениот им татко. И го жалам, што толку Бог му подарил и за повеќе тој не знае. Што среќата своја му е поважна и од на чедата..
Љубовта кон чедата наши ми дава сила секој нов ден благодарејќи на нив, да го дочекам со насмевка. Благодарна сум им што постојат. Што безрезервно ме љубат и почитуваат. Што ме крепат кога ми е најтешко.
Фото: Илустрација