Пејачката Гога Секулиќ минатата година откри што си направила од естетските зафати. Имено, Гога без двоумење призна што прави на своето лице и изненади со нејзиниот одговор.
“Вака, немаше потреба, но ги поправив градите. Не ја наполнив устата, ставив хијалуронска киселина, ботокс не, но сепак планирам.
Ако не успеам да ослабам, ќе тренирам, ќе одам на липосукција, да ослабам 10 килограми“, рече таа во шоуто „Амиџи шоу“.
Гога неодамна во емисијата „Пулс на Србија“ откри како живее за време на пандемијата.
“Мислам дека многу се движев во овој период, така што не сум многу компетентна да кажувам некому ништо, но носете маски, држете се на дистанца.
Меѓу нас има луѓе кои веќе страдаат од некои болести, тие се пациенти со срце, астматичари.
Јас сум алергична на полен, и кога тоа ќе се случи, имам потешкотии со дишењето и добивам бронхитис или пневмонија. Јас припаѓам на таа група каде што треба да внимавам и навистина да се грижам, рече Гога на почеокот од пандемијата.
Гога Секулиќ, како и многу нејзини колеги, се најде во незавидна финансиска состојба поради пандемијата со вирусот, бидејќи беше спречена да настапи.
– Најдобро е додека не почнеме да работиме да ни ги суспендираат сметките, да не плаќаме струја, вода или телефони, па кога ќе започнеме со работа тогаш треба да продолжиме – рече Гога.
Да потсетиме, многу колеги на Гога Секулиќ признаа и дека се соочуваат со финансиски проблеми, а за тоа јавно проговори и пејачката Мина Костиќ.
– Кога не работам и немам приход, а морам да ги плаќам сметките, не можам да не се грижам. Немам од каде да ги плаќам сметките.
Ова е првпат во мојот живот да останам без пари. Како независен уметник, добив помош од државата за три месеци, но, луѓе, што се 90.000 динари?! – изјави пејачката порано за „Стар“.
Фото: Инстаграм принсткрин