Гавазова се спореди со позната светска ѕвезда и си праша: Таа или јас?

0

Една од нашите најпопуларни пејачки и во Македонија и во дијаспората е секако Сузана Гавазова. Таа на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација но и да испее авторска песна.

Како и сите музички изведувачи, така и Сузана Гавазова не може да има настапи непосредно пред публика поради марките за заштита од вирусот. Но, затоа може да им запее на обожавателите преку ТВ екраните и да гостува на телевизиски емисии.

За популарната македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, ниту еден ден не е потрошен без забава и моменти кои ја исполнуваат.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите.

Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака. Забавите се оставени за некои подобри времиња кога на короната ќе и кажеме збогум, а дотогаш, Гавазова има свој начин како да си направи забава и да ги наполни батериите со она кое и го сака душата.

Сузана Гавазова е мајка на две ќерки, Емили и Селена. Ќерките се само една година разлика, Емили има шест ипол години а Селена пет ипол. На крајот од декември минатата година, Гавазова прослави роденден.

Облечена во тесен бел фустан со длабоко деколте, пејачката ги дувна свеќите заедно со ќерките во своjт дом.

Голема торта на четири спрата беше розова со златно, а на неа имаше и ноти. Многу пријатели на социјалните мрежи ѝ го честитаа роденденот на Сузе. Гавазова потоа повторно беше актуелна, по интересната приказна што ја раскажа во нејзината најнова песна.

Песната се вика „Прстен несуден“, а Сузана ја најави на необичен начин. Прстен несуден. Уживајте драги пријатели со мојата најнова песна и спот.

Дадовме многу труд, време и голема љубов да го реализираме овој спот..благодарност до сите кои учествуваа во спотот.

Тој ми вети мајко, куќи и палати, сега друга зема, среќа нема, срцево што пати. А на друга сега тој ѝ дари прстен што се злати“, вели песната.

Сега, Сузето има друга интересна занимација. Таа почна да се споредува со светските познати музички диви, кога е во прашање стилот. Не музичкиот, туку стилот облекување и имиџот.

Гавазова прво се спореди со Џенифер Лозез, латино ѕвездата која е позната по прекарот Џеј Ло. Гавазова објави слики во кои и двете се облечени многу слично, и постави предизивик за своите фанови. Таа ги праша: На која поубаво ѝ стои?

Сега, нејзина „цел“ е Ники Минаж. Сузана објави фотографија во која се двете многу слично облечени, а сликана е пред три години.

Разликата е во тоа што Сузе има кремаста маица и корсет, а Ники бела маица, но навистина се многу слични.

Објавувајќи ги овие две слики на Инста, таа оторено си праша: Ники или јас?

Фото: Фејсбук на Сузана Гавазова, Инстаграм принсткрин

Претходна статијаДијаспората ја бараше „Македонско девојче“, на крај Тамара и Тијана ја „викнаа“
Следна статијаИлина пак се качува по карпи, Игор не може да ја гледа