Фуфо се отвори за коцката – откри детали кои јавноста не ги знаеше (ВИДЕО)

0

Љупчо Николовски Фуфо е еден од најпознатите угостители во нашата држава. Нема кој не го знае. Од најобични граѓани, до политичари, бизнисмени, странски државници…

Негов прв ресторан кој го отвори беше „Галија“, на Водњаска, а потоа се редеа. Најпознатиот „Дал мет фу“ беше денешен „Пелистер“ на плоштад, кој Фуфо го направи тоа што е и денес.

Имаше ресторан и во Хрватска, а особено актуелен летно време беше неговата пицерија во Ханиоти, Грција.

Но Фуфо отсекогаш го следел „муабетот“ дека се коцка. Така тој во еден момент го изгуби својот удел во ресторанот Пелистер и подолго време го немаше на угостителската сцена.

Подоцна, после неколку години се врати и му се заблагодаруваше на неговиот добар другар Трифун Костовски, кој му помогна финансиски за да го отвори повторно неговиот култен објект Галија на Водњанска. Ни и оваа епизода не траеше долго.

Синоќа Николовски гостуваше во дебатниот магазин „Клик Плус“, на ТВ 21, кај новинорот Борјан Јовановски и проговори на актуелни теми, но и се потсети на минатото, кога неговиот објект Галија беше собиралиште на политичари.

Беше прашан дали во неговиот објект се случувале непријатни ситуации, после караници меѓу гостите, но Фуфо рече дека такво нешто не памети да се случило, туку напротив, луѓе од различни политички опции се „пуштале“ пијачки за да искажат почит едни на други.

Фуфо потоа проговори и за времето кога беше активен во политиката. Тој од 1992 до 1996 година беше на висока функција во градот Скопје, на ниво на Премиер на градот. Подоцна, тој се тркаше и за градоначалник и како што напомена во емисијата, освоил високи 27 проценти од гласовите.

Интересен беше делот во кој Фуфо си ја отвори душата и раскажа за своето минато поврзано со коцката. Преку неговиот пример, тој го објасни овој негативен феномен со кој се соочуваат многумина, но не само тие, туку и нивните семејства.

„Тоа е еден голем психолошки притисок. Сум го имал максимално. Телефонски повици, ѕвонење на врата, среќавање во објекти. Тоа е единствено орудие на лихварите“, посочи Николовски.

Тој вели дека тие вршат притисок со споменување на сопруга, деца, татко, мајка, роднини, значи сè што може да им послужи за да успеат да си го наплатат долгот.

„Тие ти дале пари на рака и потоа си ги бараат назад. Јас ни од далеку не сакам да се амнестирам себеси, јас сум крив што сум влегол во ситуација да тропнам на врата и да побарам пари од некого“, додава Љупчо Николовски Фуфо.

На прашање за тоа колкави се каматите кои ли хварите ги наплаќаат за своите услуги, Николовски вели дека се 10 отсто дневно, односно доколку денеска земете 10 илјади евра, утре ќе треба да вратите 11 илјади евра, но доколку закасниш за месец дена ќе станат 30 илјади евра.

„Нема коцкар што може веднаш да плати. Да, во почетокот сум бил во ситуација веднаш да платам, но како сум паѓал се потешко сум враќал. Тогаш почнуваат притисоците кои ретко кој може да ги издржи.

Во коцката губиш пари свои, туѓи пари, па губиш образ, доверба, а на крај го губиш најважното – семејството“, додава Николовски.

-Јас имав голема среќа што имав поддршка од сопругата. Во оваа прилика, како и во многу други, сакам да и се заблагодарам. Таа е заслужна што јас не паднав скроз на дното, вели Фуфо.

Па така, сега можам да имам едно друго богатство, кое не е финансиско, туку човечно. Имам прекрасни деца, кои имаат прекрасни бракови, имам внуци од моите деца.

Уште еднаш ќе повторам, за сето ова најголема заслуга има мојата сопруга, завршу Фуфо на оваа тема, исповед која треба да послужи за пример на многумина кои тргнале по тој погршен пат.

Претходна статијаФросина Ременски направи голем потег на својот роденден – нахрани преку 300 луѓе (ВИДЕО)
Следна статијаЗоки Фаци: Лозано тајно се гледа со бившата и никој тоа не го објавува