Сите ѝ се „пуштаа“ на Силви, што студенти, што професори: Влатко Плевнеш раскажа како ја освоил сопругата

0

Силви бенд или Влатко Плевнеш и Силвана Мучиќ- Плевнеш се музичко- брачно дуо кое и во музиката и во љубовта опстојуваат долги години. Тие ја имаат ќерката Деа Делина.

Познати се по своите хитови: „Ме полудуваш“ и „Ангели ме носат“, песната која ја сакаат сите генерации.

Силви и Влатко Плевнеш се заедно од студенските денови. По долги годиони во брак, сега живеат во населбата Козле, по куќата која ја дизајнирале по нивен вкус и има специфилен ентериер.

– Клавирот како мотив е застапен на главниот надворешен ѕид, и на балконот меѓу двете нивоа во куќата.

Имаат дури три вистински клавири, од кои најимпресивен е белиот на кој често си пеат и свират за своја душа, и еден бел над него, закачен наопаку на таванот.

Белиот клавир, бели кожни гарнитури, се во бело. Интересни уметнички слики, и камин во салонот, кој дава посебна топлина.

“Куќата има околу 400 метри квадратни, ја направивме пред пет години, за шест месеци од почеток до крај”, За амбиентот на нивниот дом Силви, заедно со нејзината пријателка, стилистката Лидија Перчинковска, го бендисувала и купувала мебелот.

Со многу стил, префинетост и елеганција дише секој дел од нивното семејно катче“, рекоа Силви и Влатко за Музика.24.

Белото е симбол на светлина, чистота, невиност. Смирува. Затоа ја сакаме таа боја. Тргнавме од онаа така наречена “калуѓерска практика” (кревет, масичка и свеќа), а потоа наградувавме со детали и куќни предмети, зошто лесно е од убаво дизајнирано да премине во натрупано, и кич”, вели Силви во истото интервју.

Порталот Reporter.mk на својот Инстаграм профил, порталот објави најавно видео во кое Влатко и Силви раскажуваат како се запознале. Влатко вели дека не му било лесно да ја освои Силви.

– Многу време ми требаше да ја освојам Силви. И кога се појави на факултетот, тоа беше една бо мба, авион.

Значи, немаше машко на факултетот коешто не беше заљубено, или не ѝ се удвараше. Што студенти, што професори.

Меѓу сите мислам, и јас нормално. Добро сега, тешко беше освојувањето, признавам. Побрзо ќе се качев на Монт Еверсет него да ја освојам нејзе“, рече Влатко,а на ова се надоврза Силви.

А, Влатко притоа, беше неверојатно упорен. Не знам некако, од под излегуваше, ќе се појавеше од некаде, и кога ќе се залепи значи, нема мрдање цел ден.

Јас кога ќе седнев да вежбам, од некаде Влатко ќе влезеше во училна, ќе седне до мене на столица за клавир, ди помогне нешто тука сега за вежбање, и нема мрдање“, додаде Силви за својот сопруг.

„Се затрескав, ми се пресекоа нозете кога ја видов“, изјави Влатко Плевнеш претходно во емисијата на по којниот Драган Вучиќ, „Возење со Вучиќ“.

Фото: Јутјуб принскрин, Инстаграм на Репортер- принстскрин

Претходна статијаЈелена Јованова објави интересна слика која ги „стопи“ младите мајки
Следна статијаФросина: Не се „палам“ јас на коли, пури и Чивас