Елена сподели емотивни семејни спомени со специјален повод

0

„Имам милион причини да сум среќна до небото затоа што ве имам вас кои ме поддржувате и почитувате-вие сте најлојални од сите луѓе во светот бидејќи ме знаете во сржта каква сум. Од сите богатства на светот секогаш би ве одбрала ВАС.

Но, и богатството наречено “моите најблиски” кои ме сакаат дури и во ретките моменти кога не ми е денот ,еден голем пехар за нив. Исто еден „пехар за толеранција”, поради мојата особина на перфекционист за сите мои соработници.“.

Ова го напиша Елена Ристеска во статус на социјалните мрежи минатата година, по повод нејзиниот роденден.

Познато е дека Елена Ристеска беше многу врзана со свокот татко Ацко. Токму по него, таа ја нарече својата козметична линија, ЕРА, поселдната буква од името е првата од името на татко ѝ.

Тој го напушти овој свет во 2016 година, а Елена многу тешко ја поднесе таа загуба. Во едно интервју, таа изјави дека внуката Делфина, ќерка на нејзината естра Драгица ѝ е најголемата утеха.

– Тешките мигови во животот те прават цврст како челик, издржлив, непобедлив, но и нетолерантен и посебичен.

Затоа што сè дотогаш пред себе во животот гледаш една голема драма, драма која завршува во моментот кога ќе дојде најтешкиот дел од животот, тогаш паѓаат маските и остануваат покрај вас вистинските пријатели.

Почнуваш повеќе да си го цениш слободното време и да го поминуваш само со оние кои го заслужуваат.

Едноставно, не губиш вееме на неважни работи и луѓе, затоа што веројатно забрзано созреваш, па се фокусираш само на приоритетните нешта во животот.

Мојот фокус во моментов се мојата работа и моите најблиски, така успевам полесно да направам дефокус од она на кое секој ден мислам, а тоа е загубата на татко ми.

Тоа не се преболува, едноставно, болката те следи цел живот. Јас објаснив погоре дека целиот фокус кон работата и убавите нешта го гледам како намерен и исфорсиран дефокус од реалноста.

Бидејќи ако потпаднам под влијание на реалноста, односно на болката, тогаш ќе бидам пола човек“, изјави Елена во интервју за zase.mk.

Елена денеска сподели емотивни фотографии од целото нејзино семејство.

За тоа има специјален повод, роденденот на нејзината мајка. Елена до сликите напиша: Една е мајка, среќен роденден!

На сликите се гледа дека таа многу личи на мајка ѝ, но е слична и со сестра ѝ.

Фото: Јутјуб и Инстаграм принстскрин, Елена Ристеска

Претходна статијаТрендо ме спаси од многу глупости: Зорица Црношија прозборе за сопругот
Следна статијаНе сакав да чујам за деца, а сега имам 16 и сакам уште