Денес некој се дрзнал и ми фрлил на тераса салама со шајки (ФОТО)

0

Проблемот со кучињата скитници во нашата држава трае со години и на ниту една власт до сега не и успеа да го реши.

Но загрижува фактот, а на тоа постојано укажуваат граѓаните и здруженијата за заштита на животни, што наши сограѓани се обидуваат проблемот да го решат на своја рака.

Па така, по парковите и улиците, многу често можат да се видат фрлени контаминирани делови од прехранбени продукти, од кои кучињата и мачките се упокојуваат на нехуман начин.

Но она што вчера го забележавме, во статус во групата „Миленичиња“, ги преминува сите прагови на цивилизациско однесување и е сигнал институциите да го откријат и да се позанимаваат со сторителот.

Членка на групата која во својот дом чува кучиња и мачки, објави дека некој се дрзнал на терасата да и фрли парче од храна, салама во која имало ставено шајки. Таа приложи и фотографија од сцената која ја забележала:

„Денес на нашата сопствена тараса е фрлена салама со шајки! Не е баш ниско, па затоа неможам да разберам како некој се дрзнал да го фрли ова.

Дома имаме 10 животни од кои 3 кучиња се чувани надвор, едното од нив многу често си седи и на тераса и сега ептен се плашам да не изеле нешто.

Дома имаме и 4 мачки кои што воопшто не излегуваат надвор ама многу често си седат на тараса, фала му на Господ, па сега кога го забележав ова прв пат денес ги пуштив на тераса и го тргнав настрана па сигурна сум дека не изеле ништо.

Сите миленици си ги чуваме многу одговорно редовно се носени на ветеринар социјализирани се и многу се мирни и мили не ми е јасно со која причина е направено ова.

Значи човек да неможе ни дома на мира да седи. Доколку случајно го прочита ова тој што се дрзна да го направи ова: никогаш ама баш никогаш се додека тие се мој миленици не му можеш ништо ама баш н и ш т о. Нема да дозволам ниту влакно да му фали.

Како велат: тој што сее семе на ув иство и болка не може да жнее среќа и љубов!

Останете си со вашата ом раза колку тажен живот имате па сте посегнале по животот на моите животинчиња жално навистина многу жално со какви сурови и гнасни луѓе живееме.

Не знам кој нормален човек без никаква причина би посегнал по животот на едно живо суштество. Ова е доказ дека постојат толку гнасни и су рови луѓе на овој свет што мислам дека да немаше полиција за нас луѓето и ние луѓето ќе бевме во опасност од некои психопати.

Кој сте вие за да одземете нечиј живот со кое право? Вие не сте му го дале за да му го одземете! Што и да напишам за жал малку е. Ние луѓето не сме единствените на оваа планета со право на живот!

Господ да ве казни ,кај е Господ никој не животот е тркало се врти на сите ќе ви наплати еден ден!

Незнам само како мирно спиете знаејќи дека сте се обиделе да посегнете по еден нечиј чист невин живот, ех со какви луѓе делиме воздух дајбоже мир да немате!

Извинете на долгиот пост. Само да видите со какви делиме воздух. Битола во 21 век.“

Фото: Пекселс и фејсбук група „Миленичиња“

Претходна статијаЦеца откри дали раскинала со Богдан
Следна статијаКопаше пченка за некој динар, беше рокер и многу го сакаа женски – проговори најдобриот другар на владиката Порфирие