Цеца откри дали раскинала со Богдан

0

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, по подолг временски период, на јавноста и го претстави своето ново момче Богдан Срејовиќ, со кого е во врска веќе некое време.

Цеца одлично се сложува со наследничката на Богдан, ќерката од неговиот претходен брак, Искра, и бидејќи и двајцата не сакаат скијање, деновите на крајот на минатиот месец ги поминуваа на Копаоник играјќи на снегот.

Фолк-ѕвездата се обидува од моментот кога влезе во љубовна врска со успешниот белградски угостител Богдан Срејовиќ да го помине секој слободен момент со него.

Многумина со ентузијазам ја дочекаа веста дека Цеца е вљубена, бидејќи пејачката долго време не го коментираше својот емотивен живот.

Ражнатовиќ е вдовица скоро две децении, а во меѓувреме немаше сериозна врска.

Судејќи според фактот дека таа е многу често со своето ново момче, дека ги запознало неговото семејство и ќерка од првиот брак, се чини дека оваа врска е сериозна.

Со цел да открие кои се изгледите за нешто посериозно меѓу Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ, тимот на порталот „Србија данес“ ја контактираше Весна Ривас, која направи астролошка анализа на овој пар.

– Цеца минатата година влезе во судбоносна година, па и се случија многу убави работи, раѓање на внуче, многу прослави и се роди љубов.

Оваа година е година на бројот пет во кој е исклучено Цеца да се омажи до крајот на оваа година, тоа е во нејзиниот код.

За неа се откриваат многу вистини, па така оваа година Цеца ги откри своите емоции. Раѓање, втор брак, но во позрели години – вели Весна.

Цеца пред дваесетина дена ги објави првите фотографии со нејзиниот млад партнер, а двајцата позираа среќно и задоволно. Денеска српските медиуми пишуваа дека пукнала тиквата помеѓу Цеца и Богдан.

Причината за тоа е што Цеца ги отстрани сите споделени фотографии со Богдан од својот профил на Инстаграм, што предизвика шпекулации дека на љубовта ѝ дошло крај.

Од друга страна пак, Богдан ги остави заедничките фотографии со Цеца на Инстаграм.

По повод гласините дека врската меѓу неа и Богдан завршила, фолк дивата не издржа и реши да им ја каже вистината на своите фанови.

Таа се огласи по повод наводното раскинување со Богдан и и ги демантираше гласините. Се обрати сосема кратко. „Лага“ – напиша таа.

На друго стори таа напиша: Уште еден измислен текст!

Фото: Инстаграм принсткрин, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаКаков народ сме, јас во скафандер, а тие ми се смеат: Види го, како марсовец е
Следна статијаДенес некој се дрзнал и ми фрлил на тераса салама со шајки (ФОТО)