Дарко на минус десет степени се искапи во Охридското езеро (ФОТО)

0

Пливањето се смета какио еден од најздравите спортови, затоа што целото тело е во движење.

Во последниве години, сè повеќе се откриваат бенефитите од капењето во ладна вода. Татјана Лазаревскаја од Русија одлучила да ја тестира теоријата дека туширањето со ладна вода секој ден е одлично за менталното и физичкото здравје, како и за изгледот.

Еве како го опишала своето искуство, а го пренесе порталот Бебамур.ком:

“Почнав да се туширам со ладна вода иако немав некои големи очекувања, бидејќи бев здрава и енергична и пред тоа.

Но, почувствував голема разлика. Две недели откако почнав да се туширам со ладна вода, почувствував дека повеќе не ми се потребни осум часа сон, туку дека ми се доволни седум часа.

Се сетив на чувството како кога некогаш пливав во Бајкалското Езеро во кое температурата на водата беше 9 степени.

По целото тело имав чувство на пецкање и скокоткање, како низ него да ми поминуваше слаба струја. Затоа и почнав да се туширам со ладна вода, сакав да го вратам тоа прекрасно чувство.

Но, изложувањето на телото на ладна вода не е воопшто лесна задача и повеќето луѓе би преферирале да го избегнат тоа.

На тоа треба полека да се навикнувате, по малку да се разладувате со вода и да си повторувате во главата кои се предностите од тоа.

После недела, две, ќе ви стане сосема нормално и многу пријатно. Иако, и комбинираното туширање со ладна па со топла вода, исто така е одлично за поттикнување на циркулацијата.

Наутро се туширам со ладна вода три минути, поминувам со тушот по целото тело два пати. Потоа не се бришам веднаш со пешкир, туку уживам во чувството.

Кога ќе почнете со туширање со ладна вода, повторувајте го тоа секојдневно, најмалку три недели. Имено, на нашиот мозок му е потребно време за да се навикне на тоа?

Што се` се случува во телото? Се забрзува циркулацијата: Кр вните садови се стеснуваат и кр вта почнува побрзо да циркулира. Така се зајакнуваат ѕидовите на кр вните садови, а целото тело добива повеќе притисок.

Побрзо се слабее: Телото произведува дополнителна енергија за да се загрее, што е одлично за топење на вишокот килограми.

Мозокот подобро работи: Ладната вода е одична за нашиот мозок и ја подобрува работата на сите негови делови. По туширањето со ладна вода, полесно е за размислување, бидејќи мозокот ќе се разбистри. Исто така, ќе биде полесно за донесување на одлуки.

Се забрзува метаболизмот: Влакната во мускулите наеднаш се скратуваат, што резултира со побрз проток на лимфата низ телото. Тоа, пак, влијае врз метаболизмот.

Уморот исчезнува: Кога ладната вода ќе го допре нашето тело, тоа за него е одреден шок, па почнува да лачи повеќе хормони, што исто така го забрзува метаболизмот.

Се зајакнува имунитетот: Кога метаболизмот ќе почне да работи подобро поради ладната вода, и нашиот имунитет е појак. Така организмот станува поотпорен на вируси, бактерии и други зарази.

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, минатата зима објави видео, како влегува во река во Србија, притоа потенцирајќи ги бенефитите од ваквата постапка.

Денес, вакво чудо се случи во Македонија. Во Фејсбук групата „Патувања низ Македонија“ која е доста популарна и во која се појавуваат слики од убавините на Македонија видени низ објективот на нејзините чнеови, беше објавена интересна фотографија.

Корисникот Дарко Јовески објави свое како се капе во водите на Охридското езеро и напиша: Капење на -10 степени во Охридско езеро. На ова тој доби многу коментари и сите се слични: Браво, тоа царе, храбар човек, здрав и јак човек… Секоја чест!

Фото: Фејсбук принсткрин, Јутјуб принстскрин

Претходна статијаСедна на столчето без да се мисли, па дури и објави слика – Неда Украден стана првата српска пејачка која се имунизираше
Следна статијаМаријана: И ова моево за никаде е – не смеам да му се јавувам, бидејќи е женет, чекам тој да најде прилика