Перо Лазарески од Охрид: Ако треба ќе го продадеме станот само да го спасиме синот Борче

0

Телевизија Алфа емитуваше сторија за семејство од Охрид која буди силна емоција кај секој оној што ја погледнал.

Принтскрин Јутјуб

Силен стисок на рака, посилен од секој изречен збор. Очи полни солзи, поглед кој искажува неизмерна благодарност- Божиќните ѕвона ја пробудија изгубената надеж, на охридското семејство Лазарески. Тие се молам за здравјето на нивниот 11 годишен син Борче кој има вродена срцева аномалија.

Принтскрин Јутјуб

Боли мајчиниот лелек за момчето чии чекори се се’ потешки,не може со леснотија и безгрижно да претрча преку куќниот праг, бидејќи како што расте,с имптомите на срцевото заболување се се ‘ посериозни.

Принтскрин Јутјуб

Тешко е да се биде мајка на чедо кое не знае што ќе му донесе утрешнината-вели 41 годишната Сања која е телесен инвалид, исто како и нејзиниот сопруг Перо кој работи како таксист, а она што ќе ги спечали е единствениот прилив на сретства во касата на ова скромно семејство.

Принтскрин Јутјуб

200 денари на ден.Колку Ви стигаат тие пари? Само за децава.И тоа само за основни намирници? Само за леб. Ништо,ништо не земаме од државата. Имате поднесено за социјална помош? Порано,ама не одбија-вели Сања Лазареска.

Принтскрин Јутјуб

Едвај врзуваме крај со крај, вели Перо и извади од џебот 140 денари, еве вели колку пари денес донесов дома. Месечно заработувам околу 6.000 денари,раскажува,а тоа не стигнува за да се подмират давачките и да се прехранат 5-те гладните усти,оти покрај Борче, тие имаат уште две деца-14 годишна ќерка и 18 годишен син.

Принтскрин Јутјуб

На 23-ти овој месец Борче го чека уште една контрола, доколку е потребно да се направи операција, без размислување ќе го продадеме станот во кој живееме и ќе останеме без покрив над глава-вели Перо, чии зборови како камења паѓаат од душа.

Принтскрин Јутјуб

Имало моменти, се случувало кога треба да одиме на контрола или во болница да го носиме, да немаме дома да јадеме леб.Ама јас ако треба место 10 часа, 15 ќе работам, ама другите деца да не го почувствуваат тоа.Тие се премногу скромни, особено ова дете што е со здравствен проблем, немам збор за него тој и на чоколадо од 20,30 денари е преблагодарен-вели Перо Лазарески.

Принтскрин Јутјуб

Свиен за мајчините раце, Борче ја испрати екипата на Алфа со широка насмевка и топли детски очи. Ведрите насмеани лица на 3 –те деца и даваат поттик Сања да ја подготви скромната божиќна трпеза.

Принтскрин Јутјуб

“Ви Благодараме, Бог само убавини да ви даде “.

Принтскрин Јутјуб

Охриѓани покажаа дека имаат благородна душа,да му помогнеме на Борче да ја извојува животната битка и со смеа и радост,миговите да ги поминува опкружен со врсниците,оти парите не го чинат човека богат- туку племенитото срце.

Принтскрин Јутјуб

Трансакциона сметка:500600020008381

Целата сторија со видео прилог може да се проследи на ТВ Алфа.

Претходна статијаЛазар кој работи и живее во Лондон: Денес ми е најтешкиот ден во животот, ми се плаче
Следна статија(ФОТО) Лила се покажа како добра домаќинка – Зоки Фаци се пофали како го пречакала