Отсекогаш му бев негова кралица, но откако дојде таа сѐ се промени

0

За секоја една мајка нејзините деца се најголемото богатство. Дури откако ќе го земе во прегратка знае дека детето ќе биде нејзина најголема светлина и за него ќе живее.

И јас сум една од тие мајки. Имам само еден син и мислам дека и на крај на свет би одела за него. Единствена цел ми е да го гледам среќен и опкружен со изобилство и убавини. Кутриот, немаше толку среќа како млад.

Израсна без татко откако сопругот поч-ина од инфаркт. Имаше само 12 години и оттогаш грижата за него и неговото воспитување ми станаа приоритет. Едно време дури напуштив работа, само за да бидам повеќе време до него затоа што баба му беше стара и не можеше да се грижи за него.

Толку многу жр тви за него и сега веќе не можам да се свестам дали е во ред тоа што ми го прави. Го исчував, двоев од моето парче леб, кратев од мојот ручек само за тој да биде убаво нахранет. Тешко е да се биде сам родител а никогаш немав желба ни да се премажам. Не се каам за тоа што сум го направила, тоа ми е должност и да треба уште еднаш би сторила се’ за него.

Земав кредити, позајмував од пријатели и роднини само за да го школувам. И ете, детето си заврши факултет со највисока оцена. Можеби баш затоа што остана сам и мораше да се бори за се’ во животот, стана бунтовен и како што растеше се’ што ќе замислеше си го добиваше.

Навистина со свој труд и со претприемачкиот дух што го има си основа свој бизнис и еве напредува и во странски земји. Не се разбирам јас, некои компјутерски работи. Барем од таа страна не можам да се пожалам, за триесетте години што ги има си купи своја кола и стан и е застанат на свои нозе.

Сепак, никогаш не ме заборави мене. Никогаш не ја забораваше жртвата и љубовта што му ја пружив и секогаш беше до мене во тешките мигови. Тој ми стана поголема поддршка отколку јас нему. Од што беше толку независен, стана многу тврд кога станува збор за женење. А не сфаќа дека е прилика ипол за жените.

Еднаш си ја проба среќата со една девојка, одеа неколку години, но на крај ништо не бидна и се разидоа. Му беше криво гледајќи ги другарите како шетаат деца, ама си ја чекаше својата среќна прилика. Јас го охрабрував да си ја гледа работата, жената сама ќе си дојде за да не се прелаже.

Беше среќен со мене, секое слободно време го користеше само за да ме однесе на кафе или на ручек во ресторан. Патувавме заедно, ме носеше на презентации и семинари во кои учествуваше, сакаше на некој начин да ми се заблагодари за тоа што сама храбро сум го израснала.

Многу му бев благодарна за тоа што ме гледаше како никогаш дотогаш и бев горда на него. Ама богатството си го правеше своето, се разбира. Арно ама, последнава година некако се’ се промени. Иако сум среќна што успеа да се ожени со една навистина фина девојка, ме чуди зашто веќе не ми обрнува толку внимание.

Ретко доаѓа во татковата куќа да ме види и се слушаме само по телефон. Откако се преселија во куќа, знае да ме викне само кога има потреба од помош при чистењето или готвењето. Дури и кога сакам да останам на ручек со нив наоѓа причина за одење некаде така што морав да си одам оттаму.

Не сакам да бидам лоша, ама не знам колку снаата има влијание на тоа. Сега веќе не станува збор за никакви кафиња, шетање, камоли па водење на презентации. Сега таа е цело време со него, а мене тоа ме нервира.

Како успеа толку брзо да ме заборави и да не ги почитува моите чувства? Па сакам да го гледам и да се гордеам со неговите успеси. Ќе ги видам кога ќе им се роди бебе, кого ќе викаат да им го причува додека тие се шетаат.

Ако, нека не ме носи со него, јас нема да се откажам од нив, не можам, се надевам само дека ќе почнат повеќе време да ми посветуваат затоа што секое време поминато со родител е бесценето, само доцна ќе сфатат.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаДрагица од Хрватска: Цела фамилија спиеме во кола, но веќе немаме пари за бензин и да пуштиме парно
Следна статија(ФОТО) Ќе стане ли македонска снаа една од најубавите Србинки?