Драгица од Хрватска: Цела фамилија спиеме во кола, но веќе немаме пари за бензин и да пуштиме парно

0

Хрватска се уште не може да се соземе по низата земјотреси, па поради тоа денес е прогласена ката-строфа во Хрватска на подрачјата каде што најмноу се почувстува истиот.

Принтскрин Јутјуб

Владата прогласи ваква состојба во две жупании кои се најтешко погодени во земјотресот од 6.2 степени.

Принтскрин Јутјуб

„Добивме информации од терен и низ системот за цивилна заштита за размерите на штетите и последиците на нормалното функционирање во животот.

Принтскрин Јутјуб

Уверени сме дека новата структура ќе помогне и на претставниците на подрачната и локалната самоуправа и координација“, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Принтскрин Јутјуб

Многу семејства веќе со денови се надвор од куќите и празниците ги минуваат под отворено небо, шатори, камп приколка или пак во автомобил.

Принтскрин Јутјуб

Глина е во лоша состојба по силниот земјотрес, велат дека градоначалникот Стјепан Костањевиќ, никаде го нема, а во вторникот новинарите на лице место се уверија дека основната помош сè уште не стигнала до некои луѓе.

Принтскрин Јутјуб

Хрватска 24сата носи сторија од центарот на Глина. Семејство со три деца спие во еден автомобил. Маж, жена и три ќерки. Камп приколката која ја добија велат дека во неа не е ни за животни, целата пропушта.

Принтскрин Јутјуб

-Децата се многу исплашени, не смееме да влегуваме во куќата. Тој камп што го добивме не е ни за добиток раскажува Драгица Лазиќ и го покажува кампот

Принтскрин Јутјуб

Ние сме во неверување. Кампот е во лоша состојба, полн со прашина, мебелот е оштетен, пропушта

Принтскрин Јутјуб

– Тој пристигна синоќа. Не се ни обидовме да влеземе внатре. Само што ја отворив вратата и ми беше доста. Хигиена? Се бањавме само еднаш, завчера. Имаме намирници, готвам топли јадења за деца. Ќе видиме уште колку можеме да издржиме – вели низ солзи г-ѓа Драгица и додава:

Принтскрин Јутјуб

-Ги добивме сите потребни работи, но децата се на ладно. Ни требаат лекови, немаме пари, немаме ниту гориво за да се стоплиме, односно да го пуштиме парното во автомобилот. Нашиот сопруг не работи, немаме приход. Џесика (9), Теодора (7) и малата Анамари (3) се многу исплашени.

Принтскрин Јутјуб

И на овој начин апелираме луѓето да донираат и да ги даваат само вистинските работи.

Принтскрин Јутјуб
Претходна статијаМелита и ќерка и Барбара покажаа како уживаат (ФОТО)
Следна статијаОтсекогаш му бев негова кралица, но откако дојде таа сѐ се промени