Тони Михајловски важи за еден од најдобрите и најистакнати македонски театарски, филмски и телевизиски актери, водител на радио и телевизија и стендап комичар, а во последно време и мошне активен во политиката.
Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.
Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.
Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Ба рут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.
Тони Михајловски после цели шест години медиумска илегала конечно даде интервју минатата година и зборуваше за својата кариера, но и приватен живот.
Во фокусот на вниманието во разговорот за „Бекстејџ’ беше новиот игран филм за деца кој што го снима Тони, но и сето она што досега ја одбележало неговата актерска, но и водителска кариера.
„Откако влегов во политика, луѓето ги сменија симпатиите кон мене. Навистина ми е жал поради тоа, јас ги имам истите човечки квалитети кои ги имав и пред десетина години“ , рече Михајловски.
Тони Шанац Михајловски сподели фотографија на социјалните мрежи, поточно на својот профил на фејсбук која датира од 2013 и се наврати на работата што ја работел, обезбедување и притоа напиша:
-Многу работи се работеле за преживување. И многу од нив, за само моја жал, немале никаква допирна точка со театарот, кој во овие времиња се покажа како не(толку)потребен, а уште помалку корисен.
Па сепак пријателствата, доживувањата, новите искуства кои се случиле за време на тоа преживување се бесценети.