Каде е и што прави згодната водителка Здравкица

0

Згодната и атрактивна водителка Здравкица Билбиловска, пред неколку години беше многу актуелна во повеќе ТВ емисии, но најмногу се прослави со топ листата на некогашната „Скај нет“ телевизија, а потоа ја водеше и емисијата „Мојата свадба“.

Фото: Фејсбук принтскрин

Здравкица до пред неколку години беше дел од екипата на „Метрополис“ радио со своја радио емисија. Немаше промоција, концерт, фестивал или естраден настан да помине без неа.

Фото: Фејсбук принтскрин

Откако се омажи, Здравкица комплетно се повлече од домашните медиуми.

Фото: Фејсбук принтскрин

Нејзиниот сопруг Воислав е од Србија, а Здравкица неколку години живееше таму. Нејзината ќерка Маша е второ одделение, а Здравкица во моментов живее во Скопје со ќерката.

Фото: Фејсбук принтскрин

Откако и таа и сопругот решија да ја напуштат Србија, Здравкица, која сега се презива Милиќ се врати дома со ќерката, а сопругот работи во една европска земја.

Фото: Фејсбук принтскрин

Едно време, се зборуваше дека популарната водителка се разведува, но таа гласините ги демантираше со тоа што објавуваше слики со него.

Фото: Фејсбук принтскрин

Сега, работи во една државна институција. Со сопругот не живее веќе, но само привремено, додека патиштата не им се вкрстат на исто место.

Фото: Фејсбук принтскрин

Летово, таа со сопругот и со ќерката одмараше во Охрид и во Мостар, а сега им се врати на редовните обврски во Скопје.

Фото: Фејсбук принтскрин

Таа и сега изгледа одлично, исто како во времето кога беше популатна на ТВ.

Претходна статијаАдријана Алачки со полна уста фалби за докторот: Колку ли деца спаси, колку ли мајки и татковци израдува
Следна статија(ФОТО) Сашко Коцев доби Пандев фризура – Јанко Јади Бурек го откри