Заев: Границите ќе бидат отворени, нашинците ќе си дојдат

0

Сите треба да разберат дека никој не се брза да оди на избори, но во текот на летото, на високите температури е незамисливо да се оди со маски на гласање, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев во „Топ тема“.

Според Заев, можеме да кажеме дека успешно се справуваме со пандемијата со коронавирусот, а ќе мора да живееме вака додека не се измисли вакцината.

Границите ќе бидат отворени, нашинците ќе си дојдат, но не се знае колку ќе се вратат годинава, но постои можност за нови пикови и во летото, есента веќе се отвораат училиштата, ќе доаѓаат новите вирози.

Сега е моментот да излеземе да гласаме, затоа што потенцијалот на најмалку заразени е сега, рече Заев.

Тој напомена дека во текот на летото, на високите температури е незамисливо да се оди со маски на гласање.

Сите треба да разберат дека никој не се брза да оди на избори, најпрво го гледаме здравјето на граѓаните, да нема никој заболен, па тогаш да се разговара за избори, но во услови кога нашата земја нема Парламент, здравје за граѓаните е и функционален Пармален, затоа час поскоро треба да се оранизираат избори, рече Заев.

Тој подоцна истакна дека има можност за нови пикови и во летото.

-Сега е момент кога беше се затворено кога имаше полициски часови, кога имаше рестриктивни мерки затоа што потенцијалот на најмалку заболени е токму сега, вели контадикторно Заев,а неколку минути предходно посочи дека никој не сака избори.

Благодарение на информираноста на граѓаните, благодарение на вас медиумските работници, можеме да кажеме дека успешно се справуваме со пандемијата со коронавирусот, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој вечерва имаше гостување во Телевизија Телма.

Претходна статијаАпсолутен херој на денот: Баба Марија со 113 години го победи корона вирусот
Следна статијаГолем број Македонци кои останале без работа во Италија сакаат да се вратат дома, молат за помош