Голем број Македонци кои останале без работа во Италија сакаат да се вратат дома, молат за помош

0

Десетици граѓани на Македонија кои останале блокирани во Италија, бараат да се вратат во татковина.До сега се организирани 3 повратни конвои, но сега транспортот е во застој.

Фелеки Бејрули, се обидува да организира патувања, но и покрај контактите од почетокот на мај, па се до денес, не добил никаков одговор од Амбасадата, ниту од Министерството за надворешни работи.

„Ние контактиравме со амбасадата. Ни одговорија дека не знаат што да направат бидејќи нема место или поради тоа што немам никаква организација.“, рече Бејрули.

Вкупно се 300 лица, раскажува Бејрули, но сегашната листа брои околу 60 имиња, значи само тие кои не можат да продолжат да останат во Италија.

-Лицата со итност, кои треба да се вратат се лица со семејства, лица кои случајно се нашле тука во ова ситуација, кои не работат и живеат во Италија, туку се како туристи или посетуваат член на семејство.-вели Бејрули.

Семејствата на овие лица, кои повеќето останале без работа, од италијанската држава земаат помош од 400 до 600 евра, но како што раскажува Бејрули, со тие средства скоро е невозможно да се живее во таа европска држава.

Одговор побаравме и од МНР, но од тука не ни обезбедија никој за да даде одговор пред камера, и сме оневозможени да поставиме дополнителни прашања.

Ни одговорија преку мејл каде што пишува дека на 14 април 2020 е организиран лет со кој се вратиле 152 државјани, а се организирани и два конвоја со автобус. Понатаму во мејлот на Министерството за надворешни работи пишува:

„Укажуваме дека согласно одлуката на Главниот координативен кризен штаб, Министерството за надворешни работи беше задолжено за организирање на хуманитарни конвои и индивидуални барања за транзит исклучиво од хуманитарен/здравствен карактер.

Процесот на репатријација на наши државјани кои биле затекнати во првиот месец од почетокот на кризата со пандемијата е завршен и на сите оние кои имаа неопходна помош, Владата им излезе во пресрет, помогајќи им со конкретни ангажмани за што зборуваат и бројките.“, соопштија од министерството.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ21

Претходна статијаЗаев: Границите ќе бидат отворени, нашинците ќе си дојдат
Следна статијаДенис има нешто да ви каже на сите што планирате да одите на протест: Застанете пред огледало, чукнете се по тоа празното на вратот што ви стои одозгора