(ВИДЕО) Пред да се качиме на лет ќе поминуваме во кабина за „спас од вируси“ – ќе се постави ли на сите аеродроми

0

Авиоиндустријата доби силен удар од пандемијата на коронавирусот. Се верува дека ќе бидат потребни неколку години за да може да закрепне, но и никогаш повеќе нема да биде иста. Самото влегување во авион во иднина би можело да потрае и до четири часа.

Авиокомпаниите би можеле да воведат правило според кое патниците пред летот треба да бидат четири часа на аеродромот за да се направат сите неопходни здравствени проверки. Меѓу мерките, како што пренесува Sputnik news, ќе продолжи да важи задолжителното дистанцирање од два метри.

Сето ова би можело да влијае и на цените на авио билетите и на бројот на слободни места во авионите, а целото искуство во текот на летот би бил многу непријатен. Таквата ситуација би можела да потрае во наредните пет години.

Задолжителната мерка за одржување дистанца од два метра меѓу патниците би можело да значи дека скоро 80% од седиштата во авионот ќе бидат празни.

Аеродромот во Хонг Kонг тестира кабина што целосно ги убива сите вируси, вклучувајќи го и коронавирусот на кожата, за само 40 секунди. Доволно е патникот само да влезе во оваа кабина.

Оваа нова технологија би можела да стане секојдневен дел од ентериерот на светските аеродроми бидејќи патничката индустрија бара нешто што ќе овозможи безбедно патување по пандемијата.

Кабините на CleanTech, наречени подлоги за дезинфекција на целото тело, прво ја мерат температурата на патниците пред да им дозволат воопшто да влезат во кабината.

Потоа се влегува во кабината, каде што целосната дезинфекција на телото трае 40 секунди. Спрејот со којшто се дезинфицира ги убива вирусите на кожата и облеката. Оваа техника веќе се користи при дезинфекција на маски и опрема.

Иако Хонг Конг има само 1.041 заболени од коронавирусот, аеродромот воведе и други здравствени и безбедносни мерки, како што се дезинфекција на рацете и роботи за убивање на вирусот во воздухот.

Претходна статијаГазда на ресторан по бројните откажани свадби: Ако треба ќе си го продадам станот, но капарот ќе го вратам
Следна статијаАнгелина од Битола за она што доживеала во болницата: Долга ноќ, тешка ноќ – никој никогаш да не се почувствува така