Газда на ресторан по бројните откажани свадби: Ако треба ќе си го продадам станот, но капарот ќе го вратам

0

Повеќе од два месеца рестораните се затворени и не се одржуваат свадби. Загубите се големи, бидејќи за два месеца само во еден ресторан се откажани 40 свадби со просечен број околу 300 гости, Станува збор за временски период од февруари до април.

Освен загубите во профитот, рестораните сега треба да ги вратат и авансите, изјави еден сопственик на ресторан во Скопје. Тој вели “ќе го продадеме станот, а капарот е го оставаме без да го вратиме“.

„Јас како ресторан во овој период имав 40 свадби, само две свадби одржав. Ни забранија, ни рекоа да не одржуваме и да не отвораме. Имаме работници, големи кирии и тоа е, оштетени сме а никој не не прашува.

Сега чекаме да земеме некој кредит и да го вратиме капарот бидејќи доаѓаат луѓето и бараат, ако треба ќе ги продадеме становите и капарот ќе го вратиме“, вели сопственик на ресторан.

Во полесна состојба се чини се пејачите. Аршик Мифтари чија група била активна на места каде живеат Албанци, вели дека резервациите за свадби се откажани, но ги одложиле закажаните термини и затоа не мора да го врата капарот.

„Имавме резервирани датуми во март и април, сите откажаа поради состојбата. Но повеќето од нив закажаа друг датум, за септември или октомври. Некои оставија и за следната година“, истакна Аршик Мифтари, пејач.

Дилемата е за тоа кога ќе се врата свадбите, бидејќи има свадби кои се закажани за трет ден Бајрам и истите чекаат вест дали ќе се одржат или не. Ресторанот што го контактиравме има повеќе локали за свадби на третиот ден на Бајрам, има 10 свадби кои не се откажани.

„Дали ќе ги пуштат рестораните или не на трет ден Бајрам, има 10 закажани свадби. Никој не ни дава информација дали ќе бидат пуштени или не“, посочува сопственик на ресторан.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ21

Претходна статијаГероски му врати на Љубчо Георгиевски: Ај, деновиве ќе биде уште поинтересно
Следна статија(ВИДЕО) Пред да се качиме на лет ќе поминуваме во кабина за „спас од вируси“ – ќе се постави ли на сите аеродроми