Се огласи мајката на Моника за Галама: Ние како родители никогаш не се откажавме од неа

0

Јавноста вчера беше потресена од фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, а кои ги објави Моника Ристеска од Скопје, која напиша дека повредите и ги нанел нејзиниот татко.

Медиумите ја пренесоа оваа вест, а осуда пристигна од сите страни, преку коментари на социјалните мрежи. Се огласија и организациите за заштита на женски и семејни права, а исто така и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев:

-Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот. Имено, Министерството за внатрешни работи во конкретниот случај постапуваше по пријава од страна на М.Р. (31), напиша меѓу другото на социјалните мрежи Министерот Чулев.

Сепак, вистината има секогаш две страни. Галама одлучи да ги контактира родителите на Моника Ристеска и да побара изјава и од нив за она што се случило.

-Многу ми е тешко поради ова што ни се случува во семејството, го започна разговорот Кристина Ристеска, која е по потекло од Полска, но љубовта кон Стојан ја довело тука и таа целиот живот го поминува во Македонија.

-Моника е со импулсивен карактер и не само сега, туку и во минатото знаела да изреагира со осуда кон нас, иако целиот живот го посветивме на децата.

И покрај честите испади кои ги прави, за кои јавноста е сведок, ние како родители никогаш не се откажавме од неа. Напротив, секогаш бевме тука да и помогнеме, па дури и сега. Тоа е наше чедо!

Би сакала да демантирам дека мојот сопруг Стојан е алк охоличар како што го нарекува. Стојан е најголемиот домаќин, маж и глава во фамилијата, каков секое семејство би посакало да има.

Тој секогаш се грижел за домот, никогаш не одел по коцки, по жени или по некакви пороци. Секогаш приоритет му било семејството. И затоа тешко ми паѓа ова што го пишува за нас мојата ќерка, моето чедо. Пишува и за мене, но нејсе.

Ние бевме тука за неа и пред неколку години, кога имаше проблеми со законот. Исто така и сега, кога по отслужувањето на казната таа се врати во нашиот дом. Бевме подготвени да и помогнеме во нејзината ресоцијализација.

Сме ја исшколувале Моника, а Стојан со гордост се обидувал да и помогне, да се вработи и да почне нормален живот.

Доволен доказ дека ние сме нејзина поддршка е тоа што таа живее со нас и покрај сите етикети кои ни ги има залепено изминативе години. Инаку зошто не се иселила, ако Стојан или јас сме и го загрозувале интегритетот.

Не ни е сеедно тоа што со нејзината желба за легализација на канабисот, можеби привлекува внимание повеќе од што е потребно, но тоа е нејзин избор. Еве, нека не остави на мир, нека оди каде сака и нека прави што сака.

Но и покрај ова што се случи, ние сме секогаш тука за нашето чедо, истакна низ солзи Кристина Ристеска ексклузивно за Галама.

Родителите на Моника ни раскажаа што точно се случило, но бидејќи предметот е во фаза на истрага, ние засега нема да ги објавуваме овие детали.

С.С.

Претходна статија(ВИДЕО) Тони од светиниколско емотивно: Со овој стап 25 години ранам фамилија
Следна статијаГрците ќе сторат многу за да привлечат туристи: Познато на што ќе се намалат цените