Утрово не дочека тажна вест откако беше објавено дека поради корона вирусот живото го загбуил познатиот водител и музичар Драган Вучиќ.
Информацијата ја потврди и Министерот за здравство, Венко Филипче кој објави:
Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот по чина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега.
И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските.
По оваа вест се огласи и Владимир Блажев, познат како Панчо од ДНК кој напиша:
Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и побрзо закрепнување. Ми врати едноставно во негов стил :
ТИ СИ МИ ЕДНО ГОЛЕМО СРЦЕ ….. Епа денс тоа срце е тажно
Загубивме еден ГОЛЕМ ЧОВЕК пред се татко, дедо, музичар, шоумен, професионалец и дефинитивно еден од најхаризматичните ликови во нашата земја и на естрадата .
Ми беше чест што те познавав. Длабоко сочувство до фамилијата и блиските. До следно наше гледање пријателе ….. Легендите живеат вечно
ПС – Оваа слика е направена пред точно една година ( 10ти мај ) кога гостував во неговото шоу и еве што сум напишал
Денес имав особена чест и задоволство да бидам гостин во емисијата на Драган “Возење со Вучиќ”
Жива легенда која трае повеќе од 25ет години на македонскиот етер, и дефинитивно еден од најпрофесионалните и најхаризматично ликови со кој сум имал можност да соработувам во мојата досегашна кариера.
Секоја чест мајсторе. Да си жив, здрав и ти посакувам уште многу успешни проекти. Симнувам капа господине