Корона вирусот утрово ни го зема еден од најпознатите македонски водители – си замина Драган Вучиќ

0

Вчера од Министерството за здравство беше информирано дека на Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа биле направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1. Досега во земјата се направени вкупно 17246 тестирања на коронавирус.

Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се сеуште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.

Утрово ни пристигна тажна вест која вели дека познатиот пејач, водител и телевизиско лице Драган Вучиќ по чинал на Инфективната клиника во Скопје.

Информацијата ја потврдуваат негови блиски како и извори од Институтот за јавно здравје кои тврдат дека причината за см ртта се компликации од коронавирусот.

Композиторот Љупчо Мирковски на својот Фејсбук профил објави проштални зборови за својот пријател. ,,За жал, ја изгуби битката. По чивај во мир другарче мое”.

Мартин Вучиќ, синот на Драган Вучиќ, во кус телефонски разговор за Слободен печат ја потврди информацијата.

Драган Вучиќ е роден во Скопје 1955 година. Зад себе остави бројни поп-хитови како што се „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата „Кода“. Тој ја компонираше песната „Make My Day“, избрана да ја претставува Македонија на Евровизија во 2005 година.

Драган со сопругата Весна беше во брак 38 години, а заедно беа повеќе од четири децении. Тие имаа еден син, музичарот Мартин Вучиќ.

Претходна статијаЗаев: Гоце Делчев се бореше за за полна политичка автономија на Македонија и на Македонците
Следна статијаПанчо од ДНК откри што му пишал Драган Вучиќ пред неколку дена од болница – ти си ми едно големо срце