(ВИДЕО) Шекеринска непријатно изненадена: Ја дочека – „никогаш северна, само Македонија“

0

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар, Миле Бошњаковски, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, и пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Положувањето на цвеќе е по повод 117-годишнината од неговата см рт, што се одбележува денес.

Владина делегација предводена од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје по повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер.

Во моментот кога Шекеринска се подготвуваше да даде изјава за медиумите, помала навивачка група почна да скандира „Никогаш северна, само Македонија“ по што вицепремиерката се откажа од изјавата.

Таа им порача на медиумите дека ќе даде изјава пред споменикот на Делчев во Градскиот парк заради, како што кажа, луѓето кои се дојдени да тераат политика.

Членови на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ почнаа гласно да скандираат „Никогаш Северна, само Македонија“ во моментите кога вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, се подготвуваше да даде изјава за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Шекеринска кратко искоментира дека станува збор за политички мотивиран настан, им се извини на медиумите и ги покани на втор настан на кој ќе присуствува да даде изјава.

„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“, рече Шекеринска.

Гоце Делчев

👊ЕЖЕЊЕ – „Комити“ и „Војводи“ денес на одбележување на 117 години од смрта на Гоце Делчев🇲🇰

Публикувахте от Спортски удар в Понеделник, 4 май 2020 г.

По заминувањето на Шекеринска, навивачите продолжија да пеат патриотски песни и придружувани од полицијата влегоа да положат цвеќе.

„Комити“ и „Војводи“ скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“

„Комити“ и „Војводи“ скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“ пред давање на изјава на Радмила Шекеринска за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Публикувахте от Свето име – Македонија в Понеделник, 4 май 2020 г.

Непосредно пред владината делегација што ја предводеше Шекеринска, во „Свети Спас“ беше и делегација на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со лидерот Христијан Мицкоски. Додека тој даваше изјава за медиумите, навивачите не беа присутни.

Претходна статијаПанчо од ДНК откри што му пишал Драган Вучиќ пред неколку дена од болница – ти си ми едно големо срце
Следна статијаМакедонските хеликоптери паѓаат често – трети МИ-17, втор на МВР во шест години