Германија вакво нешто на памети од 1991 година – Министерот за економија предупреди уште во април

0

Кризата со коронавирусот предизвикува економски проблеми на широк фронт и мрачни бројки. Според очекувањата, ова важи и за германските извозници. И што е подраматично ситуацијата нема да се подобри во брзо време.

Германскиот извоз во март под влијание на пандемијата на коронавирусот, годинава забележи пад од 11,8 отсто на месечно ниво, што е најголем пад од 1990 година, гласат коргираните податоци кои денеска ги објави Сојузното биро за статистика.

Падот на извозот на вредност од 108,9 милијарди евра е поголем отколку што беше за време на финансиската криза во ноември 2008 година, кога извозот опадна за 9 насто, што беше претходен најлош месец за Германија, а е полош показател отколку што очекуваа економистите.

„Станува збор за најголемо намалување од почетокот на водењето на ваквата статистика во август 1990 година“, наведе бирото Дестатис во соопштението.

Увозот во март опаднал за 5,1 отсто на месечно ниво, на вредност од 91,6 милијарди евра, што е најниско ниво од јануари 2009 година. Во однос на март 2019 година, извозот опадна за 7,9 насто, а увозот за 4,5 отсто.

Трговскиот суфицит се намалил на 12,8 милијарди евра според коригираните податоци, наведе Дестатис. Дури Германија и да не воведеше опсежни рестрикции во јавниот живот пред крајот на март нејзините водечки трговски партнери, како што се Кина или Италија, веќе беа погодени од пандемијата.

Кога во последната недела од февруари курсот на акциите ширум светот драматично падна, акциите на платформата за видео стриминг успешно се спротиставија на трендот. Аналитичарите сметаат дека т.н. „останете дома“ акции , како оние на „Нетфликс“ можат да им обезбедат богатство на инвеститорите за време на појавата на коронавирусот, бидејќи на сѐ повеќе луѓе им се вели да останат дома.

Министерот за економија, Петер Алтамајер, на крајот на април предупреди дека Германија, првата европска економија која е многу зависна од извозот, се соочува со „најлоша рецесија во историјата на Сојузна Република Германија“ со очекуван пад на БДП од 6,3 насто годинава.

Германија очекува оти економијата повторно ќе почне да расте во 2021 година и тогаш очекѕва раст од 5,2 отсто. На 15 мај Дестатис треба да ја објави првата проценка на германскиот БДП за првиот квартал во 2020 година.

Извор: Дојче Веле на македонски јазик

Претходна статијаВенко Филипче го објави долго очекуваното олабавување – од овој викенд карантинот ќе почнува од 19 часот
Следна статијаВизер продава карти но Филипче одговори на прашањето дали ќе се отвори аеродромот