(ФОТО) Последната објавена фотографија од Драган Вучиќ пред да не напушти: Работава е снајди се

0

Вчера не дочека веста дека поради корона вирусот битката за живото ја загуби Дрган Вучиќ кој беше еден од најдобрите и најдолготрајните водители во нашата држава.

Иако неговото примарно занимање е музичар, тој пред дваесетина години прв почна да организира шоуа во живо, нешто што на балканските простори не беше познато, а подоцна се копираше.

Вашите пет минути беа од многумина оспорувани, Драган нарекуван со секакви зборови, но речиси и да немаше човек кој не го гледаше.

Еден од последните проекти му беше на 1ТВ, каде во автобус на ЈСП ги реализираше своите емисии, интервјуа со познати личности од естрадата. Повторно, неговиот термин беше ударен.

Многубројни негови колеги, како од естрадата така и од други гранки во општествто во теко на вчерашниот но и денешниот ден се простуваат семотивно од познатиот македонски шоумен.

Веста за заминување од овој свет на македонската легенда ја растажи Македонија, а јавните личности со емотивни статуси на социјалните мрежи се простија до својот колега, пријател….

Последната објава на водителот на „Инстаграм“ е фотографија каде во двор шета желка, а тој во свој стил во описот на објавата напиша: „Ај нека ми забрани некој да си го шетам миленичето. Работава е снајди се“.

Претходна статијаБујарм Османи најави кога ќе започне полицискиот час поради Рамазан – според него тоа е 19 часот
Следна статијаОд Црна Гора пристигнаа најави од која дата би можеле на плажа, но има и еден услов