Од Црна Гора пристигнаа најави од која дата би можеле на плажа, но има и еден услов

0

Летувалиштата во Црна Гора би можеле да бидат отворени на 18 мај, а јавното претпријатие „Морско добро“, во соработка со Институтот за јавно здравје, подготвува сет мерки со цел на гостите да им биде обезбедена здравствена безбедност, пренесуваат црногорските медиуми.

Летната сезона во Црна Гора до лани започнуваше на први мај, а од годинава, поради пандемијата со Ковид-19, тоа најверојатно ќе биде на 18 мај.

Директорот на јавното претпријатие „Морско добро“, Предраг Јелушиќ, изјави дека е подготвен сет мерки наменет за концесионерите на плажите и угостителските објеки со цел да им се помогне во претстојната сезона. Една таква мерка е намалувањето на концесијата и можност за плаќање на 12 рати.

Тој им препорача на концесионерите постепено да започнат со подготовката на плажите, поставување на пловни плочи, услужни објекти, организирање на спасувачки служби и слично.

Летувалиштата и привремените локации во рамките на зоната која и припаѓа на „Морско добро“ ќе бидат пуштени во употреба согласно препораките на Националното координативно тело за заразни болести и наредбите на Министерството за здравство, а засега се проценува дека тоа ќе биде на 18 мај, изјави Јелушиќ.

Доколку се потврди овој рок, рече тој, реалните очекувања се дека плажите ќе бидат целосно оперативни најдоцна до 1 јуни.

Според него, се подготвуваат низа мерки за спречување на потенцијалното ширење на вирусот, а основниот услов е одржување на физичка дистанца.

Тие мерки подразбираат организација на просторот на плажите на начин да се овозможи и видливо да се обележи адекватна дистана помеѓу луѓето кои се капат, да се ограничи бројот на луѓето во водата и на плажите, мерки кои се однесуваат на организација на забавите, рекреативни и спортски активности.

Засега, предлогот е поднесен до Оперативниот штаб и е прифатен од страна на Одборот за туризам и угостителство, вели Јелушиќ.

Претходна статија(ФОТО) Последната објавена фотографија од Драган Вучиќ пред да не напушти: Работава е снајди се
Следна статијаКатица Јанева пред суд ќе ја бара правдата заради неовластено снимање од Боки 13