Минатава недела МЗ извести за повеќе излекувани лица од Ковид-19 отколку нови случаи на заразени, со што ситуацијата ја оценува како охрабрувачка. Владата размислува за ублажување на строгите мерки.
Вицепремиерот Бујар Османи рече дека време е полицискиот час и затворените бизниси да се заменат со мудра комбинација од поблаги мерки.
-Јас мислам дека полицискиот час треба да се замени со поблаги мерки, сега е предизвик поради Рамазан кога е традиција да се собираат луѓето за вечера. Ова е причината зошто е полицискиот час од 19 часот, за да не се собираат луѓето за Ифтар.
Првиот предлог ќе биде и за викендите да се пушти од седум часот а потоа следните денови да го скратиме уште повеќе полицискиот час.-рече Османи.
Локалите ќе работат одржувајќи растојание од 2 метра меѓу масите или со прегради меѓу нив, меѓутоа 15-ти не е дефинитивен датум дека рестораните и кафетериите ќе почнат со работа.
-Ако продолжи овој тренд на ниски бројки на потврдени случаи, мислам дека многу брзо ќе почнат новите правила, што значи не со полни капацитети на кафетериите, бидејќи ако ги раздалечите на 2 метра тоа ќе значи помалку маси во кафетериите.-вели Османи.
Меѓутоа на масите повторно ќе има граѓани кои ќе седат заедно?
Османи: „Да, меѓутоа според комисијата за заразни болести, масите ќе бидат раздалечени на два метра и ќе има прегради меѓу нив.“
Дали ќе се отворат верските објекти, како црквите и џамиите, Османи рече дека Владата не ги затворила нив, туку дала препораки да не се посетуваат.
Тој додаде дека ублажувањето на мерките и враќањето во нормала зависи од граѓаните како ќе се однесуваат и дали ќе се придржуваат до мерката носење маски и ракавици како и да одржуваат растојание. Поблаги мерки вчера побара и АА. Според оваа партија полицискиот час треба да почнува во 23 часот и да трае до 5 часот изутрина.
Извор: ТВ 21