Шпанија извести за незначителен пораст на бројот на по чинати и заразени од корона вирусот во последните 24 часа, а надлежните внимателно ги набљудуваат податоците за да ги утврдат ефектите од попуштањето на мерките.
Забележаната см ртност во Шпанија надмина 27.000 луѓе, со новите 184 случаи, што се за осум повеќе од вчера.
Има и 400 нови случаи на зараза, па вкупниот број се искачи на повеќе од 228.600.
Тестовите за проверка на антителата, со кои се утврдува дали некои го прележал корона вирусот, покажаа дека најмалку уште 42.000 луѓе биле заразени. Повеќе од 140.000 луѓе оздравеа од Ковид-19.
Шпанските власти планираат до јули да ги задржат границите затворени за повеќето патници од странство, со цел да се избегне втор бран на коронавирусот, соопштија денеска двајца неименувани извори од Министерството за надворешни работи во Мадрид.
Копнените граници со Франција и Португалија беа затворени уште од средината на март, кога беше прогласена вонредна состојба поради пандемијата.
Шпанија почна со олеснување на рестриктивните мерки за своите граѓани бидејќи ја стави пандемијата под контрола, но воведе двонеделен карантин за странските патници и практично ги затвори воздушните и морските граници за да избегне увоз на нови случаи од други земји.
Мерките за карантин истекуваат на 24 мај, како и вонредната состојба, но и двете можат да бидат продолжени.
Марија Брањас, која има 113 години, за која се верува дека е најстарата Шпанка, оздраве од коронавирусот, објавија шпанските власти, пишува Би-би-си.
Таа била дијагностицирана со ковид-19 откако земјата се затвори во изолација во март. Имала умерени симптоми и закрепнала.
Марија е родена во Мексико во 1907 година. За време на Првата светска војна се доселила во Каталонија со нејзиниот татко Шпанец, кој бил новинар. Родила три деца, едно од нив има 86 години, има 11 внуци од кои најстариот има 60 години и 13 правнуци. Марија живее 20 години во дом за стари лица.