„Заразени сме јас и сопругата – ги немаме видено децата 15 дена: Како не ви е срам да не плукате“

0

Корона вирусот испишува неверојатни приказни, на кои благодарение на интернетот сме сведоци сите. Особено се споделуваат сториите од поранешните Југословенски простори, од државата во која сите живеевме.

Интересен е еден тренд за жал негативен. Се случува кај нашите соседи но и кај нас. Тоа е стигматизирање на заразените со Корона вирус, особено медицинскиот персонал. Како тие самите да сакале да се заразат.

Токму на оваа тема зборува средовечниот босанец Алмир, чии што работни обврски биле да биде на место на кое циркулираат многу заразени, а тоа е болничка установа.

На своето работно место во Медицинскиот Институт во Тузла, Алмир Ципурковиќ заедно со уште девет негови колеги, како и неговата сопруга се заразил од корона вирусот.

Разочаран од коментарите на јавноста откако и лекарите сами се заразиле како и пациентите, одлучи јавно да ја сподели ситуацијата за својата фамилија.

„Јас сум медицинар кој чесно си ја работеше својата работа. И сопругата и јас сме заразени. За среќа млади сме и здрави, немаме тешки симптоми“ вели Алмир за „Блиц“.

Тој притоа додава дека тој и сопругата се разделени, се наоѓаат во две различни болници и дека своите деца ги немаат видено 15 дена.

„Семејството го гледам преку видео линк. Ве молам да сфатите дека ние ја немаме измислено заразата. Ми пречат коментарите на Фејсбук и односот кон нас како да ние сме го измислиле корона вирусот, како сè да почна од нас, како да сме сакале самите да се заразиме, па и други да заразиме. Ние само си ја работевме нашата работа“

Откако поради лична безбедност со полициски возила тој и колегите биле транспортирани во болница на лечење, тој постави статус на Фејсбук во кој ја фали својата сопруга, праќа поддршка до колегите и притоа со уште еден апел до јавноста да ги поддржи луѓето кои се наоѓаат на браникот на борбата против вирусот.

Slika br. 1 Specijalna policijska pratnja pacijenata na liječenje od virusa COVID 19 Slika br. 2 E to sam ja,…

Публикувахте от Mirela Almir Cipurković в Вторник, 31 март 2020 г.

Во Босна и Херцеговина до денес од Корона вирусот се заболени 575 лица од кои 17 се поч инати а 27 се излечени.

Претходна статијаИталија веќе почна да чувствува колку и беа вредни работниците од Македонија
Следна статијаСе огласи првиот човек на Куманово и упати јасна порака до граѓаните на својата општина